• +38934325632
  • ta_olimpia2003@yahoo.com
  • @Олимпија-Струмица

БЕЛГРАД

БЕЛГРАД

31.декември (петок)      БЕЛГРАД
Состанок на групата во 00:30 часот. Поаѓање за Белград во 01:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Дневно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување пред пладне. Организиран панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадите Славија и Теразије, Булеварот на Крал Александар, Скупштина (Парламентот), црквата Св.Марко, Плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова улица, тврдината Калемегдан, Народниот Театар, Народниот Музеј, мостовите на Сава… Сместување во хотел во пладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови трансфер до центарот на градот и можност за дочек на Новата година на централниот градски плоштад, или во некој од бројните локали. Ноќевање.

01.јануари (сабота)     БЕЛГРАД 
Појадок. Заминување кон центарот на градот за индивидуални прошетки низ улицата Кнез Михајлова и тврдината Калемегдан, или пак посета на Белградската зоолошка градина. Во продолжение на денот, можност за факултативно крстарење по Сава и Дунав. Слободно време за индивидуални прошетки или посета на шопинг центарот “Ушќе”. Ноќевање.

02.јануари (недела)     БЕЛГРАД-СКОПЈЕ
Појадок. Можност за факултативна посета на Меморијалниот Центар и “Куќата на цвеќето” во која се наоѓа гробот на некогашниот претседател на СФРЈ – Јосип Броз Тито. Попладне заминување кон Скопје со можност за попатна посета на ИКЕА. Пристигнување во вечерните часови во Скопје.

Цена во предпродажба: 89 € (5 518,00 мкд)

Во цената е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 НП (ноќевање со појадок)
– Организиран разглед на Белград со локален водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Факултативна посета на меморијалниот центар и “Куќата на цвеќето” – 10 €
– Факултативно крстарење по Сава и Дунав – 15 €
– Патничко здравствено осигурување

НАПОМЕНА:

– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ