• +38934325632
  • ta_olimpia2003@yahoo.com
  • @Олимпија-Струмица

БУКУРЕШТ

БУКУРЕШТ

30.декември  (четврток)         СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ
Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn”. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.  

31. декември (петок) БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата, Селото Музеј … Сместување во хотел. Слободно време за индивидулани прошетки . Вечерта можност за дочек на Новата 2022 година на некои од плоштадите во градот Ноќевање.

01. јануари (сабота)                БУКУРЕШТ –  СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативна посета на Синаја, Бран и Брашов. Попатна посета на градините на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Самиот замок ќе биде затворен за посетители и ќе има можност да се види однадвор. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар во кој се наоѓа и  познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел во вечерните часови..Ноќевање.

02. Јануари  (недела)      БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови.  Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

Цена во предпродажба: 99 € (6138,00 мкд) за уплати до 15.11.2021
Цена на аранжманот: 119 € (7378,00 мкд)

Во цената е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Oрганизирани разгледи според програмата
– Сместување во хотел 3*** на база на 2 ноќевања со појадок
– Организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Вечера во национален ресторан 
– Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (25€, не се вклучени влезници)
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Патничко осигурување и други неспоменати посети и услуги

Напомени:

– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ