• +38934325632
  • ta_olimpia2003@yahoo.com
  • @Олимпија-Струмица

Кападокија 2022

Кападокија 2022


Автобус 6 дена / 3 ноќевања

1 ДЕН 21.04 СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА

Состанок на групата на паркингот на хотел Вип во 09:00 ч. Поаѓање во 09:30 часот. Се патува преку Девебаир Бугарија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Патот не води преку Истанбул, Анкара, Невшеџир. Дневно и ноќно возење со време за царински формалности.

2 ДЕН 22.04 КАПАДОКИЈА

Утринска пауза и посета на солено езеро Туз Ѓолу. По паузата се упатуваме кон Кападокија. Пристигнување во предпладневните/пладневните часови. Сместување во Хотел во 14 часот, време за одмор, релаксација и слободни активности. Предвидена факултативна посета на црвената долина BUS SUNSET со прекрасниот залез на сонцето или ATV SUNSET TOUR”возење со ATV QUAD BIKES во времетраење од 2 часа, со залез на сонцето во попладневните часови. Вечера (за сите патници кои имаат извршено доплата). Ноќевањe.

3 ДЕН 23.04 КАПАДОКИЈА

Појадок. Заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел. Вечера (За сите патници кои имаат извршено доплата во агенција), припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци, (вклучува трансвер, неограничени локални пијалоци и апетисани). Ноќевање.

4.ДЕН 24.04 КАПАДОКИЈА

Рано наутро околу 04:30ч (трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување (се разбира доколку временските услови дозволуваат). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 7:15 и 7:30 ч. Појадок во хотелот. По појадокот факултативно околу 09:30 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Кајмакли еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Факултативна посета на традиционална претстава Дервишка церемонија + трансвер-Dervish sema ceremonija. Вракање во хотел.Вечера (за сите патници кои имаат извршено доплата во агенција). Време за слободни активности. Ноќевање.

5.ДЕН 25.04 КАПАДОКИЈА-АНКАРА-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот околу 09:30 напуштање на хотелот, багажот во автобус и се упатуваме во посета на традиционална работилница за изработка на накит од природен камен ONIX, сребро и 24 каратно позлата. Присуство на презентација и можност да се купи некое парче од изработките. Се упатуваме према главниот град на Турција-Анкара, каде ќе имаме можност за посета на мавзолејот на Кемал Ататурк, таткото на модерна Турција. По посетата на мавзолејот време за слободни активности и посета на познатиот шопинг центар АНКА МОЛ. Во вечерните часови во договор со групата поаѓање за Македонија. Ноќно и дневно возење преку Бугарија, со попатни паузи и време за царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден.

6.ДЕН 26.04 СКОПЈЕ.

Планирано пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

Цена за рана уплата до 28.02: 129 еур (8.000 ден)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 еур (10.480 ден)

Во цената е вклучено:

*Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје-Кападокија-Скопје со запазени

3 ноќевања со појадок во Хотел 4* или 5* во Ѓореме, Урѓуп или Аванос.

*Посета на соленото езеро Туз Ѓолу.

*Посета на шопинг центар во Анкара.

*Претставник/пратител од агенцијата за целиот престој.

Во цената не е вклучено:

*Доплата за вечера (полупансион во хотел за три вечери) – 20 еур

*Факултативна посета од втор ден по програма црвената долина со залез на сонцето BUS SUNSET со локален водич + превоз+влез – 10 еур

*ATV SUNSET TOUR”ATV QUAD BIKES 4 X 4,2 кациги, трансвер од хотел,локален водич и возење 2 часа за 1 лице по програма од втор ден(задолжително две лица за мотор) – 15 еур.

*факлутатива од тред ден со сите влезници и ручек опишана во програмата – 45 еур.

*Факултатива од четврти ден со сите влезници и ручек опишана во програмата – 45 еур

*Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци, музика, со вклучени неограничени пијалоци и апетисани, трансвер – 30 еур.

*Дервишка вечер – 25еур

*Летање со балон (од 90 еур до 120 еур, во зависност од расположливи места во балони и временски услови).

* Туристичка такса 2 еур од ден по лице (се плаќа во агенција).

*Задолжително патничко осигурување.

НАПОМЕНА:

Калкулацијата е правена на пријавени 40 патници, важат сите моментални донесени правила и прописи за излез и влез од и во дражавите каде се патува, донесени како владини мерки заради безбеднос на патувањето.

Сите патници кои немаат вакцинален документ за враќање во Македонија треба да направат антиген тест во Турција кој би чинел 10-15 еур (го организира агенцијата и се прави во хотелот во договорено време).

За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.

Задолжително пријавување во агенција кои од факултативните излети наведени во програмата патникот ќе ги користи и за истите треба да изврши резервација со уплата од 30% од вкупната цена. Целосна доплата на аранжманот 10 дена пред патување.

ВАЖНА НАПОМЕНА:

Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби, и валидни за пријавување на мин. 2 и 3 лица.

Доплата за еднокреветна соба 3500 ден.

Деца до 2 год. бесплатно во соба ,плаќа само превоз 60 еур/3720 ден.

Дете од 2год. до 12год. – добива попуст – 30 % од цената.

Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.

Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на пaтувањето.