• +38934325632
  • ta_olimpia2003@yahoo.com
  • @Олимпија-Струмица

САНТОРИНИ

Автобус 6 дена / 3 ноќевања

1 ден 21.04 СКОПЈЕ – САНТОРИНИ

Состанок на групата на паркингот хотел Вип во 15:00ч. Поаѓање на автобусот во 15:30ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности.

2 ден 22.04 АТИНА/ПИРЕА – САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење за Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до сместувањето во Камари или Периса . Време за краток одмор, и слободни активности. Во вечерните часови околу 19:30 часот се упатуваме на факултативна посета на најсветото место на островот ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите Христијански верници, со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со смола која гори како илјадници запалени свеќички, кои и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквите, разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка. Слободно време за индивидуални активности и посета на некоја од локалните традиционални таверни кои изобилуваат со голем избор на морска храна. Во доцните вечерни часови во договор со групата и водичот враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 23.04 САНТОРИНИ

Појадок. По појадокот околу 09:00-09:30 часот поаѓање/трансфер до пристаниште Атињос и се упатуваме на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод се до 16:00 часот. Посета на островите Неа Камени, Палеа Камени и островот Тирасија, на враќање низводен поглед на Калдера/OIA, Фира, се до старото пристаниште каде ќе имате можност да ја видите и жичарата која води до Фира. При посетата на вулканот ПЕС, на островот Палеа Камени за сите оние кои ќе сакаат да се качат до вулканот, задолжителна доплата од 5 еур. при самиот влез, од каде се имаат можност да ги видат сите седум кратери на вулканот. Потоа се упатуваме према островот Палеа Камени каде што ќе имаме можност за капење во топлите води на стариот вулкан. По посетата на Палеа Камени се упатуваме према островот Тирасија, каде ќе имаме слободно време за слободни активности, индивидуален ручек, време за капење или посета на селото Манолас на островот Тирасија. Во договор со групата и нашиот брод се упатуваме на низводен поглед на OIA Фира се до старото пристаниште каде е жичарата која води до Фира. Околу 16:00 часот, се враќаме назад на пристаниште – Атињос каде не чека нашиот автобус и се упатуваме кон хотелот. Во доцните вечерни часови (велика сабота) подготовка за традиционална посета на некоја од православните цркви по ваш/наш избор каде се чествува ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ (индивидуално), по црковните ритуали враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 24.04 САНТОРИНИ

Појадок По појадокот, околу 10 часот со автобус заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на целиот остров, со залез на сонце во OIA. Посета на Археолошки град Акротири, црвената плажа, Манастирот St.Ilijas кој се наоѓа на највисоката точка на островот,посета на сега главниот град Фира каде ќе имаме можност за индивидуална прошетка,разглед,шопинг или индивидуален Велигденски ручек во некоја од локалните таверни,поглед и фотографирање од Калдера. Во вечерните часови посета на OIA каде што ќе се види најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел во Камари или Периса, време за одмор, индивидуални активности , прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови во Камари или Периса каде можеме да ја продолжиме Велигденската прослава. Ноќевање.

5 ден 25.04 САНТОРИНИ – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокор напуштање на собите во период од 10:00 до 11:00ч.Багажот во автобус,сите оние кои не одат во посета на винарија не чекаат на договорено место и време за поаѓање ,а сите други заинтересирани се упатуваме на Факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во дожина од 300- та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес, посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини. По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа во 15:25ч. Дневно- вечерно пловење према Пиреа/ Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреа околу 23:30ч. по локално време. Патувањето продолжува со автобус од Пиреа према граничен премин Богородица, со попатни паузи. Пристигнување во Македонија наредниот ден 26.04.2021(вторник) во утринските часови.

Цена за рана уплата до 01.03: 189 еур (11.720 ден)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 еур (12.960 ден)

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО :

Превоз со високо туристички автобус на релација (кој е на располагање и на Санторини)

3 ноќевања со појадок на Санторини

Бродска карта, Пиреа/Атина – Санторини – Пиреа/Атина

Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме)

Пратител и претставник од агенцијата на островот за целиот Ваш престој

Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Вечерна факултативна посета на најсветото место на островот – селото ПИРГОС – 7€

целодневна екскурзија и разглед на островот(автобус+ водич, 3ти ден по програм) – 35€

целодневна екскурзија со брод (автобус+ водич+брод, 4ти ден по програм) – 35€

посета на винарија (автобус+водич+влезница за винарија, резервација и дегустација на вино (5ти ден по програма) – 20€

Ручек/вечера (Фира/Камари/индивидуално по желба на патниците )

Доплата за еднокреветна соба 1/1 – 55€/3.410 ден.

Дете до 1,99 години, плаќа само превоз – 60€/3.720 ден.

Прво дете до 6,99 години, а не користи кревет спие со двајца возрасни, плаќа само превоз+брод – 130€/8.060 ден.

Второ дете до 11,99 години со двајца возрасни плаќа минус 20% од вкупната сума на аранжманот.

Туристичка такса 6 еур по особа за целиот престој.(се плаќа во агенција)

Индивидуални трошоци

Задолжително патничко осигурување.