Африка во најдобро издание!
Поаѓање 03.01.2027 Враќање: 11.01.2027 Број на денови: 9
Цена од 1799 EUR Сега од 1599 EUR
Moжност за плаќање на рати! ОГРАНИЧЕНИ МЕСТА!
„Pole pole“ полека, без брзање.
„Jambo jambo“ така ве поздравуваат локалците со насмевка уште од првиот ден.
Во Занзибар животот тече поспоро. Деновите поминуваат помеѓу палми, тиркизно море, свежо овошје и долги зајдисонца покрај океан.
Овде се наоѓаат и едни од најубавите плажи во светот – долги бели песочни плажи и кристално чист Индиски Океан што изгледа нереално во живо.
Место каде се заборава на брзањето и едноставно се ужива во секој момент.
Ден 1: Поаѓање од Аеродромот во Скопје
Поаѓање од Аеродромот во Скопје во 08:35, преку Истанбул летаме до Занзибар.
Ден 2: Пристигнување на Занзибар – БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: Прошетка низ Паџе
Пристигнуваме на Занзибар во раните утрински часови, се упатуваме кон хотелот во Паџе и одмараме.
Ден 3: Факултативен Излет: Посета на плажата Мтенде
Скриена меѓу високи карпи на јужниот брег на Занзибар, Мтенде е една од оние плажи што изгледаат како да не се вистински.
Тиркизна вода, бел песок и неверојатна природна сценографија – совршено место за пливање, уживање и еден тон добри фотки.
Ден 4: Факултативен Излет: Blue Lagoon, The Rock Restaurant и Kae Funk
Тиркизно море, палми и места што изгледаат како од филм.
Blue Lagoon е едно од најубавите места за капење и нуркање на Занзибар, додека The Rock Restaurant, ресторанот сред океан, е едно од најфотографираните места на островот.
Потоа следува Kae Funk, место познато по добрата атмосфера, музика, коктели и зајдисонцата покрај океан.
Совршен ден исполнет со море, сонце и вистинска островска атмосфера.
Ден 5: Факултативен Излет: Посета на фарма за зачини + трансфер до Кендва
Занзибар неслучајно го носи прекарот „Островот на зачините“.
Ќе посетиме традиционална фарма со зачини, каде одблиску ќе видиме како растат ванила, цимет, каранфилче, морско оревче, кардамон, бибер и бројни тропски овошја.
Ќе имаме можност да ги помирисаме и пробаме директно од природата, а локалните водичи ќе ни откријат како се одгледуваат и за што традиционално се користат.
Тропски вкусови, неверојатни мириси и едно сосема поинакво искуство кое ќе ни ја открие автентичната страна на Занзибар.
На крајот на денот се селиме во Кендва, вториот дел од нашиот одмор.
Ден 6: Факултативен Излет: Посета на Turtle Sanctuary
Едно од најслатките и најпосебните искуства на Занзибар – блиска средба со огромни морски желки во природна лагуна со тиркизна вода.
Ќе имаме можност да ги видиме одблиску, да ги нахраниме и да уживаме во мирната тропска атмосфера опкружени со палми и природа.
Место што изгледа мирно, егзотично и нереално убаво во живо.
Ден 7: Факултативен Излет: Посета на Stone Town и песочниот насип Накупенда
Ќе прошетаме низ Stone Town, стариот дел на Занзибар исполнет со тесни улички, локални пазари и мирис на зачини на секој чекор.
Потоа следува Nakupenda, песочен остров сред Индискиот Океан со тиркизна вода и бел песок што изгледа како од разгледница.
Место создадено за капење, уживање и фотки што изгледаат нереално.
Ден 8: Слободен ден во Кендва
Слободен ден во Кендва.
Пливаме во океанот и уживаме. Собите се достапни до 23:00 часот, кога се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Аеродромот на Занзибар.
Ден 9: Поаѓање кон Скопје
Се качуваме во авион до Истанбул во 03:30 часот.
Пристигнуваме во Скопје околу 19:30 часот.
Што е вклучено во цената?
Во цената е вклучено:
- Авионски Билет на релација Скопје-Истанбул-Занзибар со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж со Turkish Airlines
- Oрганизиран Трансфер од Аеродром на Занзибар до Паџе
- Организиран Трансфер од Паџе до Кендва
- Организиран Трансфер од Кендва до Аеродром на Занзибар
- 4 ноќевања во Паџе со вклучен појадок
- 4 ноќевања во Кендва со вклучен појадок
- Претставник на дестинација
- Специјален Роам Ароунд МК Пакет
- БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!
- БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: ПРОШЕТКА НИЗ ПАЏЕ!
Што не вклучено во цената?
Во цената не е вклучено:
- Патничко Осигурување
- Виза за влез на Занзибар, се вади на пристигнување ( 50 USD )
- Travel Insurance задолжителен за влез на Занзибар ( 44 USD )
- Факултативни Излети
- Доплата за еднокреветна соба ( 399 ЕУР )
- Туристичка такса за Занзибар 2евра / лице по ноќ ( се доплаќа во агенција со доплата на аранжманот )
