
ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА Датум на патување: МАРТ / АПРИЛ / МАЈ 2025 (7 ноќи)
“Земјата на боговите”, остров кој привлекува со својата чиста природна убавина и бујни терасовидни оризови полиња кои зрачат со мир и спокојство и преубави храмови со унуикатна архитектура. Бали маѓепсува со своите танци и шарени церемонии, со своите уметности и занаети, со своите луксузни одморалишта на плажа и возбудливиот ноќен живот. И секако тука е и секогаш пријателски расположеното население, кое ќе Ве смири со својаста насмевка и едноставност и ќе Ви покаже како да уживате без да брзате.
Бали е најпопуланта дестинација за одмор на Индонезискиот архипелаг. Таа е дом на древната култура, која е позната по своето топло гостопримство, како и по егзотичните храмови и палати поставени на прекрасни природни пејсажи. Јадењето во Бали нуди бескраен избор на егзотична, локална кујна. По зајдисонце, познатите ноќни точки оживуваат нудејќи возбудлив ноќен живот и преполон подиум за танцување.
Во внатрешноста на земјата, високите вулкани и недопрените џунгли нудат многу што да се види и направи, но нема да сакате долго да се држите подалеку од крајбрежјето. Популарните одморалишта на плажа ги вклучуваат Кута, Семинјак и Џимбаран каде што се наоѓаат многу од најдобрите хотели и вили. За мирни морски пејзажи и изгрејсонце, Санур, Нуса Дуа и далечната Кандидаса се вашите најдобри избори Помалку посетуваните места ви регионите источно и северно на Бали, исто така, нудат прекрасни места за нуркање во мирни заливи, со корални градини преполни со живописен морски биодиверзитет.
детали од лет
TK1006 SKPIST 2020 2305 // TK 066 ISTDPS 0150 1915
TK 067 DPSIST 2120 0515+1 // TK1003 ISTSKP 0725 0755
Цени
Март 2025 Период на престој20.03-27.03 (7ноќи)
Хотел | Услуга | Тип на соба | Цена |
---|---|---|---|
Mercure Bali Nusa Dua 4* | Ноќевање со појадок | Цена по лице во двокреветна соба | 1.390 € |
The Nest Hotel by danapati 4* | Ноќевање со појадок | Цена по лице во двокреветна соба | 1.450 € |
Ayodya Resort 5* | Ноќевање со појадок | Цена по лице во двокреветна соба | 1.640 € |
Април 2025 Период на престој 15.04-22.04 (7ноќи)
Хотел | Услуга | Тип на соба | Цена |
---|---|---|---|
Mercure Bali Nusa Dua 4* | Ноќевање со појадок | Цена по лице во двокреветна соба | 1.520 € |
The Nest Hotel by danapati 4* | Ноќевање со појадок | Цена по лице во двокреветна соба | 1.580 € |
Ayodya Resort 5* | Ноќевање со појадок | Цена по лице во двокреветна соба | 1.850 € |
Мај 2025 Период на престој 09.05-16.05 (7ноќи)
Хотел | Услуга | Тип на соба | Цена |
---|---|---|---|
Mercure Bali Nusa Dua 4* | Ноќевање со појадок | Цена по лице во двокреветна соба | 1.450 € |
The Nest Hotel by danapati 4* | Ноќевање со појадок | Цена по лице во двокреветна соба | 1.660 € |
Ayodya Resort 5* | Ноќевање со појадок | Цена по лице во двокреветна соба | 1.740 € |
Напомени
Цената е дадена во евра и пресметана во денари,1 евро = 62 денари
Цената е валидна до пополнување на места на дадена тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена).
Во цената е вклучено:
- Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Денпасар-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines сo вклучен багаж, согласно саатници на програма;
- Аеродромски такси;
- 7ноќи Бали во наведениот хотел, наведен тип на соба / наведена услуга НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК
- Трансфер Aеродром – Хотел – Аеродром
Цената не вклучува:
- Туристичка виза за Бали 150€
- Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
- Факултативни тури
- Други индивидуални трошоци
- Патничко осигурување
- Сѐ што не е наведено во ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО.
Услови:
- При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 20 дена пред поаѓање.
- Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
- Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
- Задолжително патничко осигурување
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.