БАРСЕЛОНА

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

25.04 (сабота)             СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на еародромот во Скопје во 16.00 часот. Полетување за Барселона во 18.20 и пристигнување во 20.50 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

26.04 (недела)           БАРСЕЛОНА 

Појадок. Разглед на Барцелона панорамски со локален водич. Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани..и.. Пауза за ручек. Индивидуални активности, препорачуваме посета на некој од одбележјата на Барселона, како на пример Аквариумот, еден од најголемите и најубавите во Европа, стадионот Камп Ноу, жичницата Монжуик која ви нуди уникатен панорамски поглед, патувањето трае приближно 10 минути и посетителите ќе можат да ја видат Барселона и нејзиното пристаниште во сиот негов раскош. Ноќевање.               

27.04 (понеделник)   БАРСЕЛОНА  парк гуел

Појадок. Препорачуваме факултативна организирана посета Посета до паркот ‘Гуел’ – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Препорачуваме посета на Шпанското село кое ја обединува иприкажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Во вечерните часови, препорачуваме фламенко, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци.  Ноќевање.

28.04 (вторник)        Саграда Фамилија – СКОПЈЕ-Појадок. Препорачуваме посета на готската Катедрала Саграда Фамилија, единствен храм, по своето потекло, основа и цел. Плод на работата на генијалниот архитект Антони Гауди, проект промовиран од народот за народот. Пет генерации го гледаа напредокот на Храмот во Барселона. Денес, повеќе од 140 години по поставувањето на камен-темелникот, продолжува изградбата на базиликата. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 21.35 часот и пристигнување во 00.20 часот.

 

Цена за рана уплата:  559 евра   (34.700 ден)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  65евра   (40.800 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација

Скопје-Барселона-Скопје
Рачен багаж (1 торба / ранец со димензии 40х30х20см)
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
СместувањеHote3* со 3 ноки  н/појадок


Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Туристичка такса 1250 мкд
Доплата за багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг,
*цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање
Карти за локален превоз (метро)
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 10.100 мкд

Факултативни излети:
 
Организиран панорамски разглед на Барселона 60 еу со локален водич

Посета на парк Гуел –50 eu


Посета на Саграда Фамилија 55евра 

 
Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби. Дето до 2 години плаќа 4900 денари. 
Едно дете до 12 години плаќа 499 евра во придружба на две возрасни лица се сместува на дополнително легло.

 

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. 
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
Усни и телефонски резервации се невалидни. 
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 18 патници
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување

ПАТУВАЈТЕ СО Т.А.ОЛИМПИЈА И СВЕТОТ КЕ БИДЕ ВАШ
ЗАТОА ШТО СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ Е НОВО ДОЖИВУВАЊЕ

Резервирај по Телефон

+389 (0) 34 325-632
+389 (0) 70-395-799

Работно времe:
пон.- пет. 09:00 - 17:00 часот
сабота 10:00 - 15:00 часот

Корисни Информации

info@olimpija.com.mk
ta_olimpia2003@yahoo.com

Брз Контакт

Наша Канцеларија
бул. Ленинова 14, 2400 Струмица (наспроти ХАЛК Банка) Македонија

Сите Права се Задржени © 2025 - ТА ОЛИМПИЈА ТРАВЕЛ