КИНA: ШАНГАЈ И ПЕКИНГ – PREMIUM 5*

ЗЕМЈАТА НA ЗМЕЈОВИТЕ ТЕ ПОВИКУВА!

Поаѓање 15.11.2026 Враќање: 25.11.2026 Број на денови: 11

Цена од 2099 EUR Сега од 1649 EUR

Moжност за плаќање на рати!

Замисли како шеташ по древните камења на Кинескиот Ѕид, додека тишината на планините ти шепоти приказни стари илјадници години. Замисли како стоиш пред храм осветлен со фенери, а мирисот на темјан и звуците од древни мелодии го забавуваат времето.

Кина не е само дестинација – таа е свет сама за себе.Од хаотичната енергија на Шангај и романтиката на водените градови, до бескрајните чајни полиња, пагоди и вкусот на вистинска кинеска храна – ова патување е сензуално будење за сите сетила.

Овде, секој агол крие мит, секој залак раскажува култура, а секој чекор нуди нешто што ќе те промени.
Ќе видиш традиции што сѐ уште живеат, ќе почувствуваш душа стара илјадници години, и ќе разбереш зошто Кина е едно од најмагичните места на светот.

Не патуваш само низ простор – патуваш низ време, низ духот на една цивилизација која никогаш не престанала да се развива.
Со нас, ќе ја доживееш Кина како малкумина пред тебе.
Кина те чека. Подготвен ли си да се изгубиш – и повторно да се пронајдеш?

Ден 1: Поаѓање од Аеродромот во Скопје и пристигнување во Пекинг

Поаѓање од Аеродромот во Скопје во 09:15, преку Истанбул летаме за Шангај.

Пристигнуваме во Пекинг околу 07:30. Со организиран превоз се упатуваме од аеродромот кон нашиот хотел и одмараме од долгиот пат.

Ден 2: Факултативен Излет: Tiananmen Square, Forbidden City и Jingshan Park

Овој ден го посветуваме на срцето на кинеската историја и култура. Ќе започнеме со прошетка низ Тјенанмен, најголемиот плоштад во светот и симбол на модерна Кина, каде се наоѓаат важни обележја како Маузолејот на Мао и Народниот конгрес.

Потоа влегуваме во спектакуларниот Забранет град – поранешната царска палата со над 900 згради, со вековна архитектура и богата историја.

Екскурзијата ја заокружуваме со искачување на ридот во Паркот Џингшан, од каде се отвора панорамски поглед на целиот Забранет град.

Ден 3: Факултативен Излет: Great Wall of China & Summer Palace

Овој ден е резервиран за две од највеличествените знаменитости на Кина.

Утрото започнува со посета на еден од највпечатливите и најдобро зачувани делови на Кинескиот Ѕид. Ќе има време за прошетка, фотографирање и уживање во пејзажите.

По пауза за ручек, продолжуваме кон Летната палата, поранешното летно прибежиште на кинеските цареви. Ќе прошетаме покрај езерото Кунминг и раскошните павилјони. Roam Around

Ден 4: Факултативен Излет: Temple of Heaven, Lama Temple and Peking Duck

На овој факултативен излет се посетуваат некои од најпознатите симболи на Пекинг.

Temple of Heaven – древен комплекс од храмови кој некогаш го користеле кинеските императори за молитви и церемонии.

Lama Temple – еден од најпознатите будистички храмови во Пекинг, познат по мирната атмосфера, богатата декорација и големата статуа на Буда.

За крај следува познатата Peking Duck, едно од најтрадиционалните кинески јадења.

Ден 5: Слободен ден во Пекинг

Слободен ден за уживање во градот, купување сувенири и пробување кинеска улична храна.

Ден 6: Трансфер со брз воз до Шангај

Со организиран трансфер се упатуваме кон главната железничка станица во Пекинг.

Со брз воз патуваме до Шангај.

По пристигнувањето следува организиран трансфер од железничката станица до хотелот и одмор.

Ден 7: Факултативен Излет: Прошетка низ Шангај

Денот започнува со прошетка низ живописните улици на Шангај.

Ќе се види старата француска концесија, градини и локални пазари, а потоа и легендарниот Бунд покрај реката Хуангпу.

Ден исполнет со контрасти помеѓу традиционалната и модерната архитектура на градот.

Ден 8: Факултативен Излет: Посета на водниот град Xitang

Xitang е едно од најубавите водени гратчиња во Кина, познато по каналите, старите куќи и тесните улици покрај водата.

Ќе се шета по старите мостови, ќе има можност за пробување локални закуски и слободно време за кафе покрај каналот или кратка вожња со чамец.

Ден 9: Факултативен излет: Yu Garden, Chenghuangmiao и Tianzifang

По појадок следува прошетка низ најинтересните делови на Шангај.

Yu Garden – традиционални кинески градини со езерца, мостови и карактеристична архитектура.

Chenghuangmiao – жив дел од градот познат по локалните продавници, традиционалната атмосфера и уличната храна.

Денот завршува во Tianzifang – уметнички кварт со тесни улици, кафулиња, галерии и уникатни продавници.

Ден 10: Слободен Ден во Шангај

Слободен ден за прошетка низ градот, купување сувенири и уживање во локалната улична храна.

Ден 11: Поаѓање накај Скопје

Во раните утрински часови, со организиран трансфер се упатуваме кон Аеродромот во Шангај и поаѓаме кон Скопје.

 

Што е вклучено во цената?

Во цената е вклучено:

  • Авионски Билет на релација Скопје-Истанбул-Шангај со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж со Turkish Airlines
  • Oрганизиран Трансфер од Аеродром во Шангај до Хотел
  • Организира  Трансфер од Хотел во Шангај до Железничка станица во Шангај
  • 4 ноќевања во 5* Хотел во Шангај со вклучен појадок
  • Трансфер со експресен Воз до Пекинг
  • Трансфер од Железничка станица во Пекинг до Хотел во Пекинг
  • 5 ноќевања во 4* Хотел во Пекинг со вклучен појадок
  • Претставник на дестинација
  • Специјален Роам Ароунд МК Пакет
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

 

Што не вклучено во цената?

Во цената не е вклучено:

  • Патничко Осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба (370 ЕУР )
  • Факултативни Излети

ПАТУВАЈТЕ СО Т.А.ОЛИМПИЈА И СВЕТОТ КЕ БИДЕ ВАШ
ЗАТОА ШТО СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ Е НОВО ДОЖИВУВАЊЕ

Резервирај по Телефон

+389 (0) 34 325-632
+389 (0) 70-395-799

Работно времe:
пон.- пет. 09:00 - 17:00 часот
сабота 10:00 - 15:00 часот

Корисни Информации

info@olimpija.com.mk
ta_olimpia2003@yahoo.com

Брз Контакт

Наша Канцеларија
бул. Ленинова 14, 2400 Струмица (наспроти ХАЛК Банка) Македонија

Сите Права се Задржени © 2025 - ТА ОЛИМПИЈА ТРАВЕЛ