Центарот на Азија те повикува!
Поаѓање 02.12.2026 Враќање: 11.12.2026 Број на денови: 10
Цена од 1799 EUR Сега од 1499 EUR
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ!
Од рајските плажи и тиркизното море на Пукет, до светлата, храмовите, rooftop баровите и неверојатната енергија на Бангкок, ова патување спојува два целосно различни света на Тајланд.
Во Пукет нè очекуваат тропски денови, егзотични плажи, островски авантури, незаборавни зајдисонца и вистински одмор под палмите. Потоа патувањето го продолжуваме во Бангкок, град кој никогаш не запира, каде модерните облакодери се мешаат со традиционални храмови, street food, пазари и еден од најдобрите nightlife-и во Азија.
Едно патување во кое добиваме сè море, авантура, култура, храна, шопинг и лудата енергија на Тајланд.
Ден 1: Поаѓање од Аеродромот во Скопје
По краток состанок на групата на аеродромот во Скопје, поаѓаме за Пукет.
Ден 2: Пристигнување во Пукет
Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел во областа Patong.
Се сместуваме во хотел и одмараме од долгиот лет.
Ден 3: Факултативен Излет: Phuket City Tour
Денот го започнуваме со прошетка низ Phuket Old Town, историското срце на островот и еден од неговите најживописни делови.
Ќе прошетаме низ шарените улици исполнети со препознатливи фасади, стари кинески куќи, будистички и кинески храмови, мали продавници, локални кафулиња и ресторани.
Низ прошетката ќе ја запознаеме интересната историја на Пукет, кој благодарение на трговијата со калај низ годините бил место на средба на различни култури, чие влијание и денес се чувствува во архитектурата и атмосферата на градот.
Ќе го посетиме и локалниот маркет, каде ќе имаме можност да пробаме локални специјалитети, да разгледаме сувенири и да уживаме во секојдневниот живот на Пукет.
Ден 4: Факултативен Излет: Посета на Phi Phi Islands, Maya Bay и Koh Khai
Одиме до Phi Phi Islands, островите што ќе ве остават без зборови уште пред да стапнете на нив.
Високи карпи што излегуваат директно од тиркизното море, скриени лагуни и плажи како од разгледница.
Ја откриваме легендарната Maya Bay, позната по филмот The Beach, а потоа се препуштаме на вистинскиот island life – нуркаме во кристално чистата вода, пливаме меѓу шарени рипчиња и уживаме во неверојатната Pileh Lagoon.
Ќе поминеме и покрај мистичната Viking Cave, ќе ги запознаеме најпознатите жители на Monkey Beach, а денот го заокружуваме на Koh Khai, мала тропска оаза за коктел, плажа и целосно уживање.
Ден 5: Факултативен Излет: Капење со слонови и плажата Nai Harn
Ден што дефинитивно ќе го паметиме.
Одиме на едно од најпосебните доживувања на Тајланд – дружење со слонови, каде одблизу ќе ги запознаеме овие неверојатни животни, ќе ги храниме и ќе уживаме во заедничко капење и разладување во вода.
Потоа продолжуваме кон Nai Harn Beach, една од најубавите плажи на Пукет, сместена во зелен залив со мек песок и тиркизно море.
Остатокот од денот е резервиран за капење, сонце и вистински тропски одмор.
Ден 6: Факултативен Излет: Посета на James Bond Island
Одиме до едно од најиконичните места на Тајланд – James Bond Island.
Пловиме низ неверојатниот Phang Nga Bay, каде од смарагдно зелената вода се издигнуваат огромни варовнички карпи и мали скриени острови.
Ќе ја видиме познатата Ko Tapu, карпата што стана симбол на заливот по филмот The Man with the Golden Gun.
Ќе истражуваме скриени пештери и лагуни и ќе уживаме во едни од највпечатливите пејзажи на Пукет.
Ден 7: Одјавување од хотел и лет до Бангкок
Се одјавуваме од хотелот.
Во попладневните часови се упатуваме кон аеродромот во Пукет и се качуваме на краток лет до Бангкок.
Пристигнуваме во Бангкок и се сместуваме во нашиот хотел.
Остатокот од денот е слободен за прошетка низ Бангкок.
Ден 8: Факултативен Излет: Bangkok City Tour
Денес го откриваме Бангкок, град во кој традицијата и модерниот свет живеат еден покрај друг.
Ќе ги посетиме неговите најпознати храмови и знаменитости, ќе прошетаме низ раздвижените улици полни со мириси, вкусови и локален живот и ќе ја почувствуваме енергијата на една од највозбудливите азиски метрополи.
Од златни храмови и традиционална архитектура до облакодери, пазари и хаотични улици – денес го доживуваме вистинскиот Бангкок.
Ден 9: Слободен Ден
Последен ден во Тајланд.
Одмараме и впиваме максимум од енергијата на Бангкок.
Ден 10: Поаѓање од Тајланд
Во раните утрински часови со организиран превоз се упатуваме кон Аеродромот во Бангкок.
Се качуваме во авион и поаѓаме назад кон дома.
Што е вклучено во цената?
Во цената е вклучено:
- Авионски Билет на релација Скопје-Пукет со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж
- Авионски Билет на релација Пукет-Бангкок со вклучен 20кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж
- Авионски Билет на релација Бангкок-Скопје со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж
- Oрганизиран Трансфер од Аеродром на Пукет до Хотел
- Oрганизиран Трансфер од Хотел на Пукет до Аеродром на Пукет
- Oрганизиран Трансфер од Аеродром во Бангкок до Хотел
- Oрганизиран Трансфер од Хотел во Бангкок до Аеродром
- 5 ноќевања во Хотел на Пукет со вклучен појадок
- 3 ноќевања во Хотел во Бангкок со вклучен појадок
- Претставник на дестинација
- БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!
Што не вклучено во цената?
Во цената не е вклучено:
- Патничко Осигурување
- Доплата за еднокреветна соба (299 ЕУР )
- Факултативни Излети
- Виза за влез во Тајланд – 80 евра
