Тајланд: Пукет и Бангкок Premium 5*

Тајланд како што го замислуваш, во 5* хотели!

Избегај од ладната зима, се гледаме на Пукет!

Поаѓање 02.12.2026 Враќање: 11.12.2026 Број на денови: 10

Цена од 2199 EUR Сега од 1699 EUR 

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ!

Од рајските плажи и тиркизното море на Пукет, до светлата, храмовите, rooftop баровите и неверојатната енергија на Бангкок, ова патување спојува два целосно различни света на Тајланд.

Во Пукет нè очекуваат тропски денови, егзотични плажи, островски авантури, незаборавни зајдисонца и вистински одмор под палмите. Потоа патувањето го продолжуваме во Бангкок, град кој никогаш не запира, каде модерните облакодери се мешаат со традиционални храмови, street food, пазари и еден од најдобрите nightlife-и во Азија.

Едно патување во кое добиваме сè море, авантура, култура, храна, шопинг и лудата енергија на Тајланд. 🌴✨

Ден 1: Поаѓање од Аеродромот во Скопје

По краток состанок на групата на аеродромот во Скопје, поаѓаме за Пукет.

Ден 2: Пристигнување во Пукет

Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел во областа Patong.

Се сместуваме во хотел и одмараме од долгиот лет.

Ден 3: Факултативен Излет: Phuket City Tour

Денот го започнуваме со прошетка низ Phuket Old Town, историското срце на островот и еден од неговите најживописни делови.

Ќе прошетаме низ шарените улици исполнети со препознатливи фасади, стари кинески куќи, будистички и кинески храмови, мали продавници, локални кафулиња и ресторани.

Низ прошетката ќе ја запознаеме интересната историја на Пукет, кој благодарение на трговијата со калај низ годините бил место на средба на различни култури, чие влијание и денес се чувствува во архитектурата и атмосферата на градот.

Ќе го посетиме и локалниот маркет, каде ќе имаме можност да пробаме локални специјалитети, да разгледаме сувенири и да уживаме во секојдневниот живот на Пукет.

Ден 4: Факултативен Излет: Посета на Phi Phi Islands, Maya Bay и Koh Khai

Одиме до Phi Phi Islands, островите што ќе ве остават без зборови уште пред да стапнете на нив.

Високи карпи што излегуваат директно од тиркизното море, скриени лагуни и плажи како од разгледница.

Ја откриваме легендарната Maya Bay, позната по филмот The Beach, а потоа се препуштаме на вистинскиот island life – нуркаме во кристално чистата вода, пливаме меѓу шарени рипчиња и уживаме во неверојатната Pileh Lagoon.

Ќе поминеме и покрај мистичната Viking Cave, ќе ги запознаеме најпознатите жители на Monkey Beach, а денот го заокружуваме на Koh Khai, мала тропска оаза за коктел, плажа и целосно уживање.

Ден 5: Факултативен Излет: Капење со слонови и плажата Nai Harn

Ден што дефинитивно ќе го паметиме.

Одиме на едно од најпосебните доживувања на Тајланд – дружење со слонови, каде одблизу ќе ги запознаеме овие неверојатни животни, ќе ги храниме и ќе уживаме во заедничко капење и разладување во вода.

Потоа продолжуваме кон Nai Harn Beach, една од најубавите плажи на Пукет, сместена во зелен залив со мек песок и тиркизно море.

Остатокот од денот е резервиран за капење, сонце и вистински тропски одмор.

Ден 6: Факултативен Излет: Посета на James Bond Island

Одиме до едно од најиконичните места на Тајланд – James Bond Island.

Пловиме низ неверојатниот Phang Nga Bay, каде од смарагдно зелената вода се издигнуваат огромни варовнички карпи и мали скриени острови.

Ќе ја видиме познатата Ko Tapu, карпата што стана симбол на заливот по филмот The Man with the Golden Gun.

Ќе истражуваме скриени пештери и лагуни и ќе уживаме во едни од највпечатливите пејзажи на Пукет.

Ден 7: Одјавување од Хотел и лет до Бангкок

Се одјавуваме од хотел.

Во попладневните часови се упатуваме кон аеродромот во Пукет и се качуваме на краток лет до Бангкок.

Пристигнуваме во Бангкок и се сместуваме во нашиот хотел.

Остатокот од денот е слободен за прошетка низ Бангкок.

Ден 8: Факултативен Излет: Bangkok City Tour

Денес го откриваме Бангкок, град во кој традицијата и модерниот свет живеат еден покрај друг.

Ќе ги посетиме неговите најпознати храмови и знаменитости, ќе прошетаме низ раздвижените улици полни со мириси, вкусови и локален живот и ќе ја почувствуваме енергијата на една од највозбудливите азиски метрополи.

Од златни храмови и традиционална архитектура до облакодери, пазари и хаотични улици – денес го доживуваме вистинскиот Бангкок.

Ден 9: Слободен Ден

Последен ден во Тајланд.

Одмараме и впиваме максимум од енергијата на Бангкок.

Ден 10: Поаѓање од Тајланд

Во раните утрински часови со организиран превоз се упатуваме кон Аеродромот во Бангкок.

Се качуваме во авион и поаѓаме назад кон дома.

 

Што е вклучено во цената?

Во цената е вклучено:

  • Авионски Билет на релација Скопје-Пукет со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж
  • Авионски Билет на релација Пукет-Бангкок со вклучен 20кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж
  • Авионски Билет на релација Бангкок-Скопје со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж
  • Oрганизиран Трансфер од Аеродром на Пукет до Хотел
  • Oрганизиран Трансфер од Хотел на Пукет до Аеродром на Пукет
  • Oрганизиран Трансфер од Аеродром во Бангкок до Хотел
  • Oрганизиран Трансфер од Хотел во Бангкок до Аеродром
  • 5 ноќевања во Хотел 5* на Пукет со вклучен појадок
  • 3 ноќевања во Хотел 5* во Бангкок со вклучен појадок
  • Претставник на дестинација
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

 

Што не вклучено во цената?

Во цената не е вклучено:

  • Патничко Осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба (299 ЕУР )
  • Факултативни Излети
  • Виза за влез во Тајланд – 80 евра

 

ПАТУВАЈТЕ СО Т.А.ОЛИМПИЈА И СВЕТОТ КЕ БИДЕ ВАШ
ЗАТОА ШТО СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ Е НОВО ДОЖИВУВАЊЕ

Резервирај по Телефон

+389 (0) 34 325-632
+389 (0) 70-395-799

Работно времe:
пон.- пет. 09:00 - 17:00 часот
сабота 10:00 - 15:00 часот

Корисни Информации

info@olimpija.com.mk
ta_olimpia2003@yahoo.com

Брз Контакт

Наша Канцеларија
бул. Ленинова 14, 2400 Струмица (наспроти ХАЛК Банка) Македонија

Сите Права се Задржени © 2025 - ТА ОЛИМПИЈА ТРАВЕЛ