ЗАНЗИБАР: Тропско Бегство

Африка во најдобро издание!

Овде времето тече поле поле, а џамбо џамбо ќе ти стане навика! Добредојде на ретките места од светот, каде што никој никаде не брза.

Поаѓање 03.01.2027 Враќање: 11.01.2027 Број на денови: 9

Цена од 1799 EUR Сега од  1599 EUR 

Moжност за плаќање на рати! ОГРАНИЧЕНИ МЕСТА!

„Pole pole“  полека, без брзање. 🤍
„Jambo jambo“  така ве поздравуваат локалците со насмевка уште од првиот ден. ☀️

Во Занзибар животот тече поспоро. Деновите поминуваат помеѓу палми, тиркизно море, свежо овошје и долги зајдисонца покрај океан. 🌊✨

Овде се наоѓаат и едни од најубавите плажи во светот – долги бели песочни плажи и кристално чист Индиски Океан што изгледа нереално во живо. 🐚

Место каде се заборава на брзањето и едноставно се ужива во секој момент. 🌴

Ден 1: Поаѓање од Аеродромот во Скопје

Поаѓање од Аеродромот во Скопје во 08:35, преку Истанбул летаме до Занзибар.

Ден 2: Пристигнување на Занзибар – БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: Прошетка низ Паџе

Пристигнуваме на Занзибар во раните утрински часови, се упатуваме кон хотелот во Паџе и одмараме.

Ден 3: Факултативен Излет: Посета на плажата Мтенде

Скриена меѓу високи карпи на јужниот брег на Занзибар, Мтенде е една од оние плажи што изгледаат како да не се вистински.

Тиркизна вода, бел песок и неверојатна природна сценографија – совршено место за пливање, уживање и еден тон добри фотки.

Ден 4: Факултативен Излет: Blue Lagoon, The Rock Restaurant и Kae Funk

Тиркизно море, палми и места што изгледаат како од филм.

Blue Lagoon е едно од најубавите места за капење и нуркање на Занзибар, додека The Rock Restaurant, ресторанот сред океан, е едно од најфотографираните места на островот.

Потоа следува Kae Funk, место познато по добрата атмосфера, музика, коктели и зајдисонцата покрај океан.

Совршен ден исполнет со море, сонце и вистинска островска атмосфера.

Ден 5: Факултативен Излет: Посета на фарма за зачини + трансфер до Кендва

Занзибар неслучајно го носи прекарот „Островот на зачините“.

Ќе посетиме традиционална фарма со зачини, каде одблиску ќе видиме како растат ванила, цимет, каранфилче, морско оревче, кардамон, бибер и бројни тропски овошја.

Ќе имаме можност да ги помирисаме и пробаме директно од природата, а локалните водичи ќе ни откријат како се одгледуваат и за што традиционално се користат.

Тропски вкусови, неверојатни мириси и едно сосема поинакво искуство кое ќе ни ја открие автентичната страна на Занзибар.

На крајот на денот се селиме во Кендва, вториот дел од нашиот одмор.

Ден 6: Факултативен Излет: Посета на Turtle Sanctuary

Едно од најслатките и најпосебните искуства на Занзибар – блиска средба со огромни морски желки во природна лагуна со тиркизна вода.

Ќе имаме можност да ги видиме одблиску, да ги нахраниме и да уживаме во мирната тропска атмосфера опкружени со палми и природа.

Место што изгледа мирно, егзотично и нереално убаво во живо.

Ден 7: Факултативен Излет: Посета на Stone Town и песочниот насип Накупенда

Ќе прошетаме низ Stone Town, стариот дел на Занзибар исполнет со тесни улички, локални пазари и мирис на зачини на секој чекор.

Потоа следува Nakupenda, песочен остров сред Индискиот Океан со тиркизна вода и бел песок што изгледа како од разгледница.

Место создадено за капење, уживање и фотки што изгледаат нереално.

Ден 8: Слободен ден во Кендва

Слободен ден во Кендва.

Пливаме во океанот и уживаме. Собите се достапни до 23:00 часот, кога се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Аеродромот на Занзибар.

Ден 9: Поаѓање кон Скопје

Се качуваме во авион до Истанбул во 03:30 часот.

Пристигнуваме во Скопје околу 19:30 часот.

Што е вклучено во цената?

Во цената е вклучено:

  • Авионски Билет на релација Скопје-Истанбул-Занзибар со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж со Turkish Airlines
  • Oрганизиран Трансфер од Аеродром на Занзибар до Паџе
  • Организиран  Трансфер од  Паџе до Кендва
  • Организиран Трансфер од Кендва до Аеродром на Занзибар
  • 4 ноќевања  во Паџе со вклучен појадок
  • 4 ноќевања во Кендва со вклучен појадок
  • Претставник на дестинација
  • Специјален Роам Ароунд МК Пакет
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!
  • БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: ПРОШЕТКА НИЗ ПАЏЕ!

 

Што не вклучено во цената?

Во цената не е вклучено:

  • Патничко Осигурување
  • Виза за влез на Занзибар, се вади на пристигнување ( 50 USD )
  • Travel Insurance задолжителен за влез на Занзибар ( 44 USD )
  • Факултативни Излети
  • Доплата за еднокреветна соба ( 399 ЕУР )
  • Туристичка такса за Занзибар 2евра / лице по ноќ ( се доплаќа во агенција со доплата на аранжманот )

ПАТУВАЈТЕ СО Т.А.ОЛИМПИЈА И СВЕТОТ КЕ БИДЕ ВАШ
ЗАТОА ШТО СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ Е НОВО ДОЖИВУВАЊЕ

Резервирај по Телефон

+389 (0) 34 325-632
+389 (0) 70-395-799

Работно времe:
пон.- пет. 09:00 - 17:00 часот
сабота 10:00 - 15:00 часот

Корисни Информации

info@olimpija.com.mk
ta_olimpia2003@yahoo.com

Брз Контакт

Наша Канцеларија
бул. Ленинова 14, 2400 Струмица (наспроти ХАЛК Банка) Македонија

Сите Права се Задржени © 2025 - ТА ОЛИМПИЈА ТРАВЕЛ