Ден 1: Поаѓање од Скопје
По краток состанок на патниците на аеродромот во Скопје, поаѓаме кон Истанбул.
По кратко преседнување летаме од Истанбул до Мале, главниот град на Малдивите.
Летаме со Turkish Airlines.
Ден 2: Пристигнување на Малдиви + Бесплатен Излет
Пристигнуваме на Малдиви околу 14:35 часот.
Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел на островот Maafushi и се сместуваме.
Денот е резервиран за релаксација, плажирање и уживање во островската атмосфера.
Бесплатен излет: Прошетка низ островот Maafushi.
Ден 3: Слободен Ден + Бесплатен Излет
Слободен ден за одмор.
Бесплатен излет: Нуркање со маски на локална плажа на Maafushi.
Ден 4: Island Hopping – Посета на неколку острови
Факултативен излет
Малдивите се состојат од 1.192 острови.
Овој ден го посетуваме островот Guraidhoo и нуркаме во корален гребен сред Индискиот Океан.
Ќе имаме можност да видиме богат подводен свет и да уживаме на бели песочни плажи.
Целиот ден е резервиран за капење, нуркање и уживање во тиркизното море.
Ден 5: Пливање со ајкули, делфини и ражи + Посета на песочен насип
Факултативен излет
Пливаме во океанот со ајкули, ражи, желки и делфини.
Предвидени се и фотографии и снимки со дрон.
Потоа посетуваме песочен насип каде ќе имаме време за плажирање и фотографирање.
За крај го посетуваме островот Fulidhoo.
Вклучен ручек во цената на излетот.
Ден 6: Посета на Adaaran Club Rannalhi
Факултативен излет
Денот го поминуваме во resort атмосфера, со тиркизно море, плажа и познатите куќички над вода.
Предвидено е пливање, сончање и целодневно уживање во resort комплексот.
All Inclusive: вклучени се неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци, ужинки и ручек.
Ден 7: Слободен Ден + Бесплатен Излет
Слободен ден за одмор, плажирање и пливање.
Денот е предвиден за уживање на белите песочни плажи, кокос под палмите и нуркање во Индискиот Океан.
На зајдисонце се собираме на плажа на пикник организиран од агенцијата.
Предвидени се гитара, локална храна и традиционални пијалоци.
Ден 8: Слободен Ден за уживање на Малдиви
Целосно слободен ден за плажа, капење и одмор.
Ден 9: Поаѓање од Малдиви кон Скопје
Рано наутро поаѓаме од Малдивите кон Скопје.
Летаме на релација Мале – Истанбул – Скопје со Turkish Airlines.
Пристигнуваме во Скопје околу 19:45 часот.
