• +38934325632
  • ta_olimpia2003@yahoo.com
  • @Олимпија-Струмица

КУБА

КУБА – во ритамот на салсата
Револуција, насмевки, салса, рум, пури, коктели, олд тајмери, хедонизам, сонце, егзотика, плажи, палми…
Ова се само дел од зборовите кои  го опишуваат овој магичен остров со фасцинантна архитектура која го враќа духот на колонијалното време. Куба е егзотична островска земја каде се чини дека времето застанало; земјата на револуцијата, Че Гевара и браќата Кастро. Атрактивна е заради тиркизното море и долгите бели песочни плажи; руралните градови со шарени куќи; дивите и недопрени долини; драматичните тропски пејзажи; мануфактурите за производство на традиционалните кубански пури, тутун и рум; а сигурно знаете дека токму во Куба ќе ги испиете најдобрите cuba libre и mojito коктели на светот.
Куба е земја која не смеете да ја заобиколите, едноставно мора да ја посетите барем еднаш. Појдете во уникатна егзотична  авантура, запознајте го најубавиот карипски остров од кој ќе се вратете маѓепсани и полни со неверојатни впечатоци.

Контактирајте не за да подготвиме персонализирана предлог понуда за Вашето патување, или следете не и придружете се на некоја од нашите групни патувања.

Галерија