• +38934325632
  • ta_olimpia2003@yahoo.com
  • @Олимпија-Струмица

ИЗРАЕЛ

Земја каде се преплетуваат минатото и сегашноста, земја неверојатно разновидна и многу драматична. Иако по површина е мала, оваа земја е од непроценливо значење за припадниците на трите најголеми светски религии , бидејќи во Израел се вкрстуваат патиштата на Еврејските, Муслиманските и Христијанските Аџии.

Не случајно го добила името  ,,Света земја’’, бидејќи нејзината суштина се базира на духовната традиција.  Израел е една од најфасцинантните, најинтригирачки и најсложени земји во светот. Географски е мала, но општествено, историски и геополитички претставува единствена асоцијација на контрастни атрибути меѓу народите и културите во светот.
Тел Авив, Витлеем, Мртво Море и реката Јордан, Виа Долороса, Кумран и Масада се само дел од она за што вреди да се види и доживее оваа, по многу нешта специфична земја на фасцинантни градови, како оние создадени пред Христос па се до денешните метрополи, земја на восхитувачки културно-археолошки локалитети, неверојатни  историски случувања кои личат на легенди, земја на инспиративни пејсажи.. Средбата со Израел во живо е патување за сите оние кои сакаат да знаат, да доживеат..за авантуристи кои ги препознаваат културните вредности без предрасуди, за оние кои сакаат да го обиколат светот..И уште нешто, Израел е денеска модерна земја со исклучителна убавина и велелепно наследство која ја посетуваат милиони туристи од целиот свет.

Патување во Израел

Програмите за Израел секогаш опфаќаат посети на светите места на трите најголеми религии: Јудеизмот – Ѕидот на плачот, Христијанството – Црквата на Благоовештение во НазаретЦрквата над пештерата на Христовото раѓање во Витлеем , Црквата на Воскресението со Голгота и Христовиот Гроб во Ерусалим, потоа Светилиштата на Маслинова и Сионска ГораХристовиот пат на Страданието и Гората на БлаженстватаЦрквата на Умножување на лебот и рибите во Капернаум на Галилејското езеро… Во самиот центар на Ерусалим се посетува и еден од најкарактеристичните симболи на градот и истовремено едно од најпознатите муслимански светилишта – Џамијата Ал Акса.
Се посетува и Јудејската пустина каде се доживува единственото искуство на планетава – лебдење во Мртвото Море.
Ова патување го грее срцето и го воздигнува умот во вечна надеж дека баш тука, просторот на оваа духовна метропола е изворот на сеопшто спокојство и  е место на конечно помирување.
Затоа не ја пропуштајте можноста себе и својата личност да ја збогатите со нови сознанија и духовни вредности.