• +38934325632
  • ta_olimpia2003@yahoo.com
  • @Олимпија-Струмица

Хотел Sunday 3*

Хотел Sunday 3*

  • Кушадаси
од 416€

/ по лице

Времетраење

10 дена

Превоз

Автобус

Сместување

Хотел

Положба: Хотелот се наоѓа на една од најубавите плажи во Кушадаси Ladies Beach, на самиот брег од кој е одделен само со шеталиште. Се издвојува поради својата локација покрај море и е првиот хотел на влезот на плажата Ladies Beach. Оддалечен е на 2 километри од центарот на Кушадаси.

Сместување: Хотелот Sunday располага со вкупно 60 соби и има капацитет од 135 кревети. Сите соби располагаат со сопствен балкон (со поглед на море или на копно), сопствена бања (туш, тоалет,фен за коса), клима уред, ТВ, телефон, сеф, бесплатна Wi-Fi конекција.

Услуга: Хотелот е на база HB (појадок и вечера – шведска маса). Хотелот располага со еден ресторан на покривот кој нуди панорамски поглед на море. Во овој ресторан гостите може да пробаат разновидни регионални и интернационални јадења подготвени со свежи сезонски состојки. Хотелот исто така располага со два барови (Lobby Bar, Terrace Bar) каде гостите можат да уживаат во широк спектар на коктели.

Бесплатни услуги: користење на главниот ресторан за време на доручек и вечера, паркинг, Wi-Fi конекција.

Услуги со доплата: Пијачки во баровите, лежалки и чадори на плажа, сеф, телефон, медицински услуги,  водени спортови, хемиско чистење.

Содржини: Хотелот располага со еден ресторан, два барови, паркинг, 24/7 рецепција.

Плажа: Хотелот се наоѓа на светски познатата плажа Ladies Beach. Оваа песочна плажа е препознатлива по нејзината локација, која е блиску до центарот на градот и по нејзината чиста вода. Во близина на плажата има безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, лежалки и чадори, водени спортови, кабини за пресоблекување и тоалети.

Спорт и забава: Водени спортови, одбојка на плажа, детско игралиште.

 

ТЕРМИН АРАНЖМАН 10 НОЌИ
01.06-11.06 416
06.06 -16.06 420
11.06 -21.06 440
21.06 -01.07 455
26.06 -06.07 468
01.07 -11.07 481
06.07 -16.07 481
11.07 -21.07 481
16.07 -26.07 481
21.07 -31.07 481
26.07 -05.08 481
31.07 -10.08 481
05.08 -15.08 481
10.08 -20.08 481
15.08 -25.08 481
20.08 -30.08 481
25.08 -04.09 462
30.08 -09.09 429
04.09 -14.09 416
09.09 -19.09 416
14.09 -24.09 416
19.09 -29.09 416

Галерија