
Авион /6 дена /5 ноќевања
1.ден 22 Октомври СОФИЈА – Неапол
Состанок на групата во СОФИЈА во 07.30 часот локално време.. Полетување за Неапол во 10.45 и пристигнување во 11.20 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување Ноќевање.
2.ден 23 Октомври Рафело- Амалфи -Поситано
Појадок. Факултатива целодневна екскурзија со организиран трансфер и локален водич: На туристичката мапа обележани како места кои мора да се посетат, Рафело Соренто, Позитано и Амалфи… ова патуватување се смета за едено од најспектакуларните во Европа поради прекрасните пејзажи, а возењето покрај самиот брег го одзема здивот, додека магичните гратчиња покрај брегот го комплетираат впечатокот. Позитано, една од најубавите разгледници, некогашното рибарско село, живописно и романтично, а овековечено во многу американски филмови. Амалфи, некогашната моќна поморска сила по која го добил името целиот брег. Самиот град е под заштита на УНЕСКО, тој е бисер на средновековната архитектура со тесни улички, прошетка до катедралата Св.Андреј со импресивните скалила и декоративната фасада. Враќање во хотел..Ноќевање.
3.ден 24 Октомври Капри Појадок. Факултатива целодневна екскурзија со организиран трансфер, брод и локален водич: спој на природни убавини, стара архитектура и гламур… да се доје на Капри или како го нарекуваат „островот на љубовта“ за да се вкуси италијанската „бела вита“ во најавтентичната форма, да се проба познатото лимончело и да се препуштете се на шармот… … Можност за прошетка низ старите улици со сувенирници. Враќање во хотел. Ноќевање
4.ден 25 Октомври Помпеја- Соренто
Појадок. Полудневен факултативен излет до Помпеја – трансфер и локален водич до археолошкото наоѓалиште Помпеја. Градот бил потполно уништен од силната ерупција на Везув во 79-та година, кога лава го прекрила целиот град, го “конзервирала”, а случајно е откриен многу векови подоцна. На тој начин се сочувала единствената слика на архитектурата и начинот на живот на еден од најбогатите градови во древната империја: форуми, храмови, театри, термални бањи и голем број вили… Соренто го нарекуваат Сончевиот Град, со неверојатено воодушевувачки поглед на Неаполскиот залив, а во подножјето бистрата тиркизна вода на Тиренското Море… Нокевање
5.ден 26 Октомври
Појадок….Слободно време за индивидуални активности…Плажа по можност или шопинг или организација со патниците за слободни активности или посети..
6.ден 27 Октомври Неапол-Софија
Појадок.ПО 13.00 се упатуваме кон Неапол.Можност за разглед и слободно време во Неапол..Потоа организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Софија во 20.20 и пристигнување во 22.55часот локално време во Софија..Можност за организиран трансфер до Струмица во договор со патниците.
попуст за ранa уплатa до 29.09: 595 € / 36.900 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 699 € / 43.300 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз на релација Софија – Неапол и Аеродромски такси–Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)–Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром–Сместување во Хотел Hotel 3* на база 5
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за чекиран багаж куфер до10кг/чекиран багаж – куфер до 20кг ( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Туристичка такса 1.650 мкд – се плаќа во агенција
Карти за јавен превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување 300 ден
Доплата за еднокреветна соба
Цена на факултативи:
Позитано – Амалфи – 120 евра до 150 еу вклучено трансфер и лиценциран водич. Во зависност од бројот на клиенти
Капри – 120 евра – 140 еувклучено трансфер, брод лиценциран водич. Во зависност од бројот на клиенти
Помпеја – Соренто 120 евра -140 еу вклучено трансфер, резервација, влезница, лиценциран водич. Во зависност од бројот на пријавени
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 20 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …