Лето 2020
Јерисос вила “Tzouli 1”
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.
Вила “Tzouli 1” се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од плажата. Капацитетите се зад и над bakery ‘Julie’ (најдобрата пекара во местото), спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици:
– дуплексот број 1 и апартманите број 2 и 3 се на прв кат над пекарата со големи тераси.
– студиjата број 4, 5 и 6 се едно до друго на високо приземје зад пекарата со сопствен уреден и заграден заеднички двор со маси, столови и чадори за сонце за секое студио посебно.
Сите се опремени со многу пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре . Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).
1/5 + 1 дуплекс апартман број 1 – со 1 стандарден + 1 на извлекување и кревети на спрат (bunk) во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети во друга спална соба и посебна дневна соба со одлична кујна и фотеља. Има 2 тераси : една поголема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат лимитиран поглед море.
1/4 + 1 апартман број 2 – 1+1 стандардни единечни кревети во спална и 1 стандарден + 1 на извлекување и софа во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса со поглед кон улица.
1/4 + 2 апартман број 3 – 1+1 стандардни единечни кревети во спална како и 1 стандарден + 1 на извлекување и софа на пуштање во дневна споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса со поглед кон двор.
1/2 + 1 студио број 4 – 2 единечни стандардни кревети со можност за дополнително помошно легло.1/3 + 1 студио број 5 – брачен кревет + кревети на спрат (bunk).
1/3 + 1 студио број 6 – брачен кревет + 1 стандарден + 1 стандарден на извлекување.
– 10% попуст
За целосни уплати до 29.02.2020
1. Вонсезонски цени
ТЕРМИН 24.05.2020 31.05.2020 07.06.2020 14.06.2020 21.06.2020 28.06.2020 НОЌЕВАЊА 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи СТУДИО/ АПП 65€ 85€ 105€ 135€ 155€ 175€ 3.4 и 5. лице 35€ 35€ 35€ 35€ 35€ 35€ 2. Сезонски цени
Термин НАЕМ 1/2+1 студио 1/3+1 студио 1/4+1 апп 1/4+2апп 1/5+1 дуплекс 05.07.2020 7 339€ 389€ 459€ 479€ 509€ 12.07.2020 7 359€ 409€ 489€ 509€ 539€ 19.07.2020 7 389€ 439€ 529€ 549€ 579€ 26.07.2020 7 389€ 439€ 529€ 549€ 579€ 02.08.2020 7 389€ 439€ 529€ 549€ 579€ 09.08.2020 7 389€ 439€ 529€ 549€ 579€ 16.08.2020 7 389€ 439€ 529€ 549€ 579€ 23.08.2020 7 379€ 419€ 509€ 529€ 559€ 3. Вонсезонски цени
ТЕРМИН 30.08.2020 06.09.2020 13.09.2020 20.09.2020 НОЌЕВАЊА 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 11 ноќи СТУДИО/ АПП 175€ 145€ 105€ 95€ 3.4 и 5. лице 35€ 35€ 35€ 35€
НАПОМЕНИ:Ø ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 ИЛИ 11 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра. Напомена: Во апартман минимум 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, трето и четврто лице плаќаат задолжително по 35евра.
Ø ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, согласно бројот на кревети.
Ø Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.
Ø Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.
Ø Тргнувањето е на денот објавен во табелата. Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро пред ‘Скара кај Жмара’. Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
Ø Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Ø Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
Ø За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.
Ø Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Ø Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Ø Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
Ø Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време
Ø За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Ø Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
Ø Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, Магелан НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.