• +38934325632
  • ta_olimpia2003@yahoo.com
  • @Олимпија-Струмица

Царска Русија

Царска Русија

МОСКВА И САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Русија е најголемата земја во светот и сосема е нормално што нејзините престолнини Москва и Санкт Петербург се огромни, импресивни и блескаво убави, замоците и музеите непроценливи, а црквите со куполи во форма на шарени светилки се богато украсени. Ова патување со авион во Русија Ве води низ долгата историја на земјата, преку Москва, центарот на кнежевството, до еден од најубавите градови во Европа, кој беше издигнат за моќниот цар, уште од самиот почеток со идеја да ги засени сите други главни престолнини во Европа, Санкт Петербург – Петроград. Патувањето во престолнините на Русија ќе Ви овозможи да се запознаете со амбиентот во кој живееле и од каде што владееле моќните царски и „црвени“ владетели.

Обиколката на Кремљ – внатрешниот град на Москва, тврдината Петар и Павле и Ермитаж во Санкт Петербург, како и ноќните прошетки покрај реката Нева и нејзините бројни канали и пловењето по реката Москва, ја крунисуваат оваа програма полна со прекрасни сцени и нови доживувања. Патувањето во Русија и посетата на Москва и Санкт Петербург остануваат во топли спомени, долго и по враќањето назад.

1 ден – 20.04.2022     СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – МОСКВА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Летот за Москва преку Истанбул е во 20.50 часот.

2 ден – 21.04.2022     МОСКВА (разглед на градот и обиколка на метро)

Слетување во Москва во 04.50 по локално време. Ораганизиран трансфер од аеродромот до хотелот. Слободно време за одмор. Појадок. Панорамски разглед на градот со автобус: Црвениот плоштад, најпознатата московска улица Тверска, театарот Бољшој, Новодевичкиот манастир, зградата на Универзитетот Ломоносов, Мосфилмовската улица каде што се наоѓаат амбасади од целиот свет, Мосфилм (рускиот Холивуд), Паркот на победата, „Седум сестри“ (седум кули во „сталинистички“ стил кои го дефинираат профилот на Москва), сето тоа пропратено со забавна и интересна приказна на водичот за историјата и секојдневниот живот во овој град.

Обиколка на метро во вечерните часови. Обиколка на прочуеното московското метро, едно од најстарите метроа во светот (неколку од најинтересните станици во центарот на градот ). Московското метро се смета за најубаво во светот,  благодарение на архитектурата, монументалноста и декорацијата на неговите станици со скулптури, позлатени орнаменти, мозаици, мермерни столбови и портрети на национални херои. Многумина го сметаат за музеј на отворено. Ноќевање.

Ден 3 – 22.04.2022    МОСКВА (Кремљ)

Појадок. Факултативно, посета на Кремљ, најстариот дел на Москва и нејзиниот политички, историски и духовен центар, уникатен комплекс по својата специфичност, уметничка и архитектонска убавина. Обиколка на местото каде што доминираат Успенската црква во која се крунисани сите руски цареви, Архангелската и Благовештенската црква. Однадвор ќе се види Претседателската палата и познатите Царско звоно и Царскиот топ. Можност да се слушне зошто овие два експонати се визуелни симболи на Кремљ. Слободно време за индивидуални прошетки и посета на трговскиот центар ГУМ на Црвениот плоштад. Ноќевање.

Ден 4 – 23.04.2022    МОСКВА (Сергиев Посад и вечерно крстарење по реката Москва)

Појадок. Факултативно, посета на Сергиев Посад (оддалечен 70 км од Москва, познат по своето поранешно име Загорск). Сергиев Посед е град каде што се наоѓа еден од најстарите, најголемите и најважните руски манастирски комплекси – Сергиевата лавра, која претставува центар на руското православие и духовност. Во минатото тука била и резиденцијата на рускиот патријарх. Вечерта, факултативно, во придружба на локален водич, крстарење по реката Москва, можност да се види еден од најубаво осветлените градови на светот. Ноќевање.

 Ден 5 – 24.04.2022 МОСКВА – САНКТ ПЕТЕРБУРГ (разглед на градот, крстарење по реката Нева)

Појадок. Трансфер до железничката станица и поаѓање кон Санкт Петербург во утринските часови со брз воз Сапсан. По пристигнувањето панорамски разглед на градот со автобус: Василевскиот остров, каде што се наоѓа познатата палата на Петербуршката берза, визуелниот симбол на Санкт Петербург – статуата „Бронзен коњаник“, посветена на императорот Петар Велики, летната градина во која се наоѓа познатиот Летен дворец, „Аурора“ (воен брод со кој е започната Октомвриската револуција) – денес претставува споменик на руската флота, прекрасниот манастир Смољни, Невски Проспект (еден од најубавите булевари во светот) во кој се сместени многу знаменитости на Санкт Петербург вклучувајќи ја и прекрасната Казанска црква. Tрансфер до хотел и сместување. Факултативно, (прошетка од хотелот до пристаништето) крстарење со мал брод по реката Нева, околните канали и уживање во градот наречен уште и “Северна Венеција”. Ноќевање.

Ден 6 – 25.04.2022    САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Ермитаж и Петропавловската тврдина)

Појадок. Факултативно, посета на Ермитаж /Зимскиот дворец. Можност за обиколка на еден од најпознатите музеи во светот кој брои повеќе од 3 милиони експонати и артефакти што го прави и најголем во светот. Од познатите автори се издвојуваат: Леонардо Де Винчи, Рембрант, Моне, Сезан, Пикасо и др. Во дворецот постојат над 600 простории кои пленат со својот ентериер воодушевувајќи ги посетителите. Потоа, факултативно, препорачуваме посета на Петропавловската тврдина која денес пред се се користи како  простор за изложби, како парк и туристичка атракција. Оваа тврдина е еден од симболите на градот, под заштита на УНЕСКО. Ноќевање.

Ден 7 – 26.04.2022    САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Петерхоф и Царско село)

Појадок. Факултативно, посета на Петерхоф / Петровдворец (оддалечен 34 км од Санкт Петербург). Петерхоф освен по царските резиденции, познат е и по раскошните фонтани со позлатени статуи и восхитувачки паркови. Обиколката опфаќа прошетка во паркот до брегот на Финскиот залив (Балтичко море). Потоа, факултативно, препорачуваме посета на Царско село (познато и како Пушкин) – имот и комплекс на резиденции на руското царско семејство (се наоѓа на 30 км од Санкт Петербург). Ова уникатно место зрачи со аристократскиот дух на руските владетели. Царското село е особено познато по својата импресивна барокна палата, летната резиденција на царицата Екатерина Велика, за чие украсување се потрошени 100 килограми чисто злато. Секоја од дури 57те сали, воодушевуваат со својот раскош и луксуз а од 2003 г. отворена е и реконструирана Килибарната соба – сала во која секој детал е издлабен во скапоцен камен – Килибар. Слободно време. Ноќевање.

Ден 8 – 27.04.2022    САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно предпладне. Трансфер до аеродром. Летот за Скопје преку Истанбул е во 15.10 часот. Слетување во Скопје во 20.00 часот по локално време.

За уплати до 01Март45.200 денари ( 729 евра) 

Цена на аранжманот: 51.400 денари ( 829 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:                  

– Авионски превоз со авио компанијата Turkish Airlines на релација Скопје –Москва и Санкт Петербург –Скопје

– Рачен багаж и багаж за чекирање 1 куфер до 30 кг.

– Трансфер со автобус од аеродромот до хотелот во Москва

– Сместување во Хотел Izmailovo Delta 4* во Москва на база 4 ноќевања со појадок

– Превоз со брз воз Сапсан од Москва до Санкт Петербург со организиран превоз до/од железничките станици

– Сместување во Хотел Moskva 4* во Санкт Петербург на база 3 ноќевања со појадок

– Трансфер со автобус од хотелот до аеродромот во Санкт Петербург

– Организирани разгледи на Москва и Санкт Петербург (автобус, локален водич на српски јазик)

– Туристичка виза на Руската Федерација

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси 11.800 денари

– Патничко-здравствено осигурување

– PCR тест

– Факултативни излети (уплата во Агенција)

МОСКВА

  • Обиколка на Кремљ + 2 цркви (метро, билет и водич) – цена 45 еур.
  •  Крстарење по реката Москва (метро, ​​билет и водич) – цена 45 еур.
  • Сергиев Посад (автобус, билет и водич) – цена 45 еур. 
  • Обиколка на метро (водич)– цена 15 евра.

САНКТ ПЕТЕРБУРГ

  • Петропавловска тврдина (автобус, билет, водич) – цена 35 еур.
  • Петерхоф + Царско село – пакет (автобус, билети и водич) – цена 95 еур (во Петерхоф обиколка на паркот и фонтаните, а во Царски Село дворацот и паркот)
  • Ермитаж (автобус, билет, водич) – цена 45 еур.
  • Крстарење по реката Нева (водич ) – цена 30 еур.

НАПОМЕНИ:

-Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници

-Дете од 02 до 12 години има попуст 60 евра

-Доплата за еднокреветна соба 110 евра, за цел престој

-За резервација потребно е уплата на 50% од аранжманот а остатокот се доплаќа 15 дена пред терминот на поаѓање

-За факултативните излети потребно е патниците да се изјаснат во Агенција при пријавувањето

-Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на факултативните излети

-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

-Патниците со странска патна исправа должни се да се информираат во надлежниот конзулат за условите кои важат за патувањето во Русија со транзит преку Истанбул.