• +38934325632
  • ta_olimpia2003@yahoo.com
  • @Олимпија-Струмица

Берлин (авион) 1ви Мај

Берлин (авион) 1ви Мај

Phone Number

Website

Email Address

Моќниот Берлин со посета на Потсдам

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

29. Април (Сабота) СКОПЈЕ – БЕРЛИН

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:30 часот. Авионот за Берлин полетува во 12.50, слетување во Берлин во 15.15 часот. Организиран разглед на градот, Плоштадот на Републиката, Германскиот Парламент Бундестаг, Авенијата Унтер ден Линден, Брандербуршката Порта, Плоштадот Александерплац со највисоката ТВ кула Фернзетурм, а од тука започнува и најдолгата трговска улица Курфурштендам долга околу 3 километри, Црквата Св. Никола, Дворецот Шарлотенбург познат по прекрасниот уреден парк, Олимпискиот Стадион, Плоштадот Потсдам, Еврејскиот музеј, легендарниот некогашен граничен премин помеѓу Источниот и Западниот Берлин – наречен Чарли, Берлинскиот ѕид… Сместување во хотел. Ноќевање.

30. Април (Недела) БЕРЛИН

Појадок. Препорачуваме посета на Музејскиот остров со 5 музеи. Последниот изграден, и можеби највреден музеј е Пергамон, завршен во 1930 година, кој изложува реконструкции во оригинална големина на монументални антички згради, како што се Пергамонскиот олтар, портата Иштар на Вавилон и портата на пазарот во Милет. Овие реконструкции се состојат од оригиналните делови пренесени од местата каде се пронајдени. Вечерта, можност за вкусување на познатите берлински специјалитети, зачинет колбас со кари или познатиот оброк кој го носи името Берлин, црн дроб на Берлински начин, односно похован црн дроб со јаболка и кромид. Ноќевање.

01. Мај (Понеделник) БЕРЛИН

Појадок. Прошетка во стариот дел на Берлин, со тесни улички со калдрма и многубројни продавници за сувенири, антикварници, ресторани и традиционални пивници. Во попладневните часови, факултативно крстарење со брод по реката Шпре, со можност да се видат градските атракции од страната на реката.Ноќевање.

02. Мај (Вторник) БЕРЛИН – ПОТСДАМ – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на Потсдам, брандербуршка престолнина, некогашна резиденција на Пруските кралеви и летна резиденција на Фредерик Велики. Гратчето денес изобилува со прекрасни пејзажни убавини, паркови и кралски палати, под заштита на УНЕСКО. Палатата Сансуси е изградена во рококо стил, како пандан на познатиот француски дворец Версај, во обид за тогашниот крал, да обезбеди место понастрана од вревата и формалностите на берлинскиот двор, со името кое во превод значи “безгрижен”. Убавината ја красат 12 различни гламурозни и тематски различни соби, опкружени со прекрасен парк кој каскадно се распространува низ дворовите со многубројните фонтани… Организиран трансфер до аеродромот во Берлин. Авионот за Скопје полетува во 15.45 часот. Пристигнување во Скопје во 18.05 часот.

За уплата до 08 Април:

289 евра (17.900 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

349 евра (21.650 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје – Берлин – Скопје

– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)

– Трансфер во Берлин од аеродромот до хотелот и обратно

– Сместување во Хотел Park Inn by Radisson4* во центарот на Берлин во двокреветни соби

на база 3 ноќевања со појадок (www.parkinn-berlin.de)

– Организиран разглед на Берлин

– Прошетки според програмата со придружник од агенцијата

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси 3.900 денари

– Голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.100 денари

или багаж за чекирање (1 куфер до 23 kg) 3.650 денари

– Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари

– Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во агенција)

– Факултативна посета на Потсдам 75 евра

– Крстарење со брод 20 евра

– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

– Патничко-здравствено осигурување 250 денари

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ.