Villa Tzina – Neos Marmaras

Неос Мармарас-Вила Џина

 

Неос Мармарас е најголемото приморско село на вториот полуостров на Халкидики, Ситонија. Тоа е најкосмополитното место во Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос.

Вила Џина се наоѓа во централниот дел на Неос Мармарас, во близина на црквата, на околу 80 метри од морето и 500 метри од градската плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија, како и 1/2+1 апартмани (со 2 единечни кревети во собата и кауч во кујната) и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, бања, тераса, ТВ, клима уред и WiFi.

РАН БУКИНГ 20% ПОПУСТ

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026

РАН БУКИНГ ЦЕНИТЕ важат за резервации направени во периодот 26.11.2025 – 31.01.2026.

НАПОМЕНА: Термините со * се цени по лице со вклучен превоз  ( за нив не важи РАН БУКИНГ попустот и нема попуст за два последователни термина, и да патувате со сопствен превоз не се одбива од цената по лице)

Во 1/2 студијата  и во 1/3  студија/апартманите плаќаат две лица цена по лице, во 1/5 апартманите плаќаат три лица цена по лице 

ТЕРМИН НАЕМ 1/2 стд 1/2+1aпп и 1/3стд 1/4 апп
24.05 7 ноќи 109 € * 109 € * 109 € *
31.05 7 ноќи 149 € * 149 € * 149 € *
07.06 7 ноќи 169 € * 169 € * 169 € *
14.06 7 ноќи 189 € * 189 € * 189 € *
21.06 7 ноќи 209 € * 209 € * 209 € *
28.06 7 ноќи 530 550 570
05.07 7 ноќи 560 590 630 €
12.07 7 ноќи 650 690 690
19.07 7 ноќи 650 690 790 €
26.07 7 ноќи 650 690 790 €
02.08 7 ноќи 650 690 790 €
09.08 7 ноќи 650 690 790 €
16.08 7 ноќи 650 690 790 €
23.08 7 ноќи 550 590 690 €
30.08 7 ноќи 450 490 590 €
06.09 7 ноќи 189 € * 189 € * 189 € *
13.09 7 ноќи 159 € * 159 € * 159 € *
20.09 7 ноќи 109 € * 109 € * 109 € *

Во цената е вклучено

Наем на 7 ноќевања/8 дена

Wi fi интернет

Вклучена клима

Во цената не е вклучено

Туристичка такса 2 еур. на ден се плаќа во агенција

Здравствено и патничко осигурување

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€

деца до 12 години 40€ / Еден правец 35€

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

НАПОМЕНИ: ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се сместимаксимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Доколку патникот го откажува или менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати само манипулативни трошоци во износ од 10 €/Евра, по пријава-договор.

Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

ПАТУВАЈТЕ СО Т.А.ОЛИМПИЈА И СВЕТОТ КЕ БИДЕ ВАШ
ЗАТОА ШТО СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ Е НОВО ДОЖИВУВАЊЕ

Резервирај по Телефон

+389 (0) 34 325-632
+389 (0) 70-395-799

Работно времe:
пон.- пет. 09:00 - 17:00 часот
сабота 10:00 - 15:00 часот

Корисни Информации

info@olimpija.com.mk
ta_olimpia2003@yahoo.com

Брз Контакт

Наша Канцеларија
бул. Ленинова 14, 2400 Струмица (наспроти ХАЛК Банка) Македонија

Сите Права се Задржени © 2025 - ТА ОЛИМПИЈА ТРАВЕЛ