Виетнам: Phu Quoc и Хо Ши Мин

ВИЕТНАМ И ТРОПСКИОТ ОСТРОВ ФУ КОК

Поаѓање 01.11.2026 Враќање: 12.11.2026 Број на денови: 12

Цена од 1749 EUR Сега од  1599 EUR

СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА!

Авантура за сите кои сакаат да го истражуваат светот, да уживаат во локалната култура, храна и тропски егзотични плажи. Посетата на Виетнам е совршен спој на култура, плажирање и откривање на богатата историја на оваа земја.

Нашето патување започнува во срцето на Виетнам – динамичниот Хо Ши Мин, каде ќе ја почувствувате енергијата на еден од најживописните градови во Азија. Ќе шетаме низ автентични улички полни со улична храна, шарени пазари и архитектура со француско влијание. Ќе ги посетиме Ку Чи тунелите – сведоштво за отпорот и историјата на виетнамскиот народ.

Потоа, се упатуваме кон Меконг делта – магичен воден свет на југот од Виетнам со пловечки пазари, тропска природа и автентичен рурален живот. Тука ќе уживаме во традиционално крстарење со чамец, дегустација на свежо тропско овошје и автентичен допир со локалната култура.

Нашата авантура продолжува во тропскиот остров Фу Кок (Phu Quoc) – кој е вистински тропски рај на југот од Виетнам – остров кој комбинира природна убавина, мир и авантура. Со километри долги бели плажи, тиркизно море, палми и шарени зајдисонца, островот нуди совршен бегство од секојдневието. Овде не очекуваат нови возбудливи авантури – прошетка низ јужниот дел на островот, запознавање со локалната култура и возење со најдолгата морска жичара!

Тура што совршено го комбинира духот на Виетнам со уживање под палмите.

Ден 1: Поаѓање од Скопје

Поаѓање од Аеродромот во Скопје. Летаме преку Истанбул со Turkish Airlines.

Ден 2: Пристигнување во Виетнам

Пристигнуваме во Хо Ши Мин околу 16:00 часот и со организиран трансфер се упатуваме кон хотелот во центарот на градот.

Сместување и слободно време за одмор.

Ден 3: Прошетка низ Хо Ши Мин

Излетот е вклучен во цената.

Прошетка низ Хо Ши Мин со посета на најпознатите делови од градот. Ќе се види француската колонијална архитектура, Катедралата Нотр Дам и старата пошта.

Потоа следува прошетка низ пазарот Ben Thanh, со можност за пробување локална улична храна како pho и banh mi, како и традиционално виетнамско кафе.

По турата – враќање во хотел и слободно време.

Ден 4: Посета на Cu Chi тунелите

Излетот е вклучен во цената.

Посета на познатите Cu Chi тунели, подземна мрежа долга повеќе од 200 km, која била користена за време на Виетнамската војна.

Во комплексот имало кујни, болници, училници и простории за состаноци.

Посетителите ќе имаат можност да влезат во дел од тунелите и да видат како изгледал животот под земја.

По завршувањето – враќање во хотел.

Ден 5: Пловење по Меконг Делта

Излетот е вклучен во цената.

Пловење со традиционални дрвени чамци низ каналите на Меконг Делта, опкружени со палми и оризови полиња.

Предвидена е посета на пловечки пазар, дегустација на свежо тропско овошје и запознавање со секојдневниот живот во руралниот дел на Виетнам.

По турата – враќање во хотел и слободно време.

Ден 6: Островот Phu Quoc

Наутро трансфер до аеродромот во Хо Ши Мин и локален лет кон Phu Quoc.

По пристигнувањето следува трансфер до хотелот, сместување и слободно време за плажа и одмор.

Ден 7: Island Hopping

Излетот е вклучен во цената.

Целодневно пловење со брод околу островите во близина на Phu Quoc.

Предвидени се:

  • посета на повеќе острови
  • капење
  • плажи со бел песок
  • кристално чисто море
  • тропска атмосфера и локална храна.

Ден 8: Слободен ден во Phu Quoc

Слободен ден за плажа, капење и истражување на островот.

Денот е оставен за релаксација, коктели под палмите и одмор.

Ден 9: Слободен ден во Phu Quoc

Уште еден целосно слободен ден на островот за плажа, море и индивидуални активности.

Ден 10: Враќање во Хо Ши Мин

Во попладневните часови следува организиран трансфер до аеродромот во Phu Quoc.

Со локален лет се враќаат во Хо Ши Мин, а потоа следува трансфер до хотелот во центарот на градот и ноќевање.

Ден 11: Поаѓање кон Скопје

Во утринските часови трансфер до аеродромот во Хо Ши Мин.

 

Што е вклучено во цената?

Во цената е вклучено:

  • СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА!
  • Авионски Билет на релација Скопје- Хо Ши Мин – Скопје (Turkish Airlines)
  • Авионски Билет на релација Хо Ши Мин – Phu Quoc – Хо Ши Мин
  • Организиран Трансфер од аеродром до хотел и обратно во Хо Ши Мин
  • Организиран Трансфер од аеродром до хотел и обратно во Phu Quoc
  • 5 ноќевања во Хотел со вклучен појадок во Хо Ши Мин
  • 4 ноќевања во Хотел со вклучен појадок во Phu Quoc
  • Претставник на дестинација
  • СПЕЦИЈАЛЕН РОАМ АРОУНД МК ПАКЕТ
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

 

Што не вклучено во цената?

Во цената не е вклучено:

  • Храна (ручек и вечера)
  • Доплата за еднокреветна соба доколку сте соло патник и сакате да бидете сами во соба (100 евра)
  • Патничко Осигурување
  • Виза за Виетнам (70 евра)
  • Бакшиш за локалните водичи (препорачливо, но по желба)

БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

ПАТУВАЈТЕ СО Т.А.ОЛИМПИЈА И СВЕТОТ КЕ БИДЕ ВАШ
ЗАТОА ШТО СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ Е НОВО ДОЖИВУВАЊЕ

Резервирај по Телефон

+389 (0) 34 325-632
+389 (0) 70-395-799

Работно времe:
пон.- пет. 09:00 - 17:00 часот
сабота 10:00 - 15:00 часот

Корисни Информации

info@olimpija.com.mk
ta_olimpia2003@yahoo.com

Брз Контакт

Наша Канцеларија
бул. Ленинова 14, 2400 Струмица (наспроти ХАЛК Банка) Македонија

Сите Права се Задржени © 2025 - ТА ОЛИМПИЈА ТРАВЕЛ