Ден 1: Поаѓање од Аеродромот во Скопје
По краток состанок на групата на аеродромот во Скопје, поаѓаме за Пукет.
Ден 2: Пристигнување во Пукет
Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел во областа Patong.
Се сместуваме во хотел и одмараме од долгиот лет.
Ден 3: Факултативен Излет: Phuket City Tour
Денот го започнуваме со прошетка низ Phuket Old Town, историското срце на островот и еден од неговите најживописни делови.
Ќе прошетаме низ шарените улици исполнети со препознатливи фасади, стари кинески куќи, будистички и кинески храмови, мали продавници, локални кафулиња и ресторани.
Низ прошетката ќе ја запознаеме интересната историја на Пукет, кој благодарение на трговијата со калај низ годините бил место на средба на различни култури, чие влијание и денес се чувствува во архитектурата и атмосферата на градот.
Ќе го посетиме и локалниот маркет, каде ќе имаме можност да пробаме локални специјалитети, да разгледаме сувенири и да уживаме во секојдневниот живот на Пукет.
Ден 4: Факултативен Излет: Посета на Phi Phi Islands, Maya Bay и Koh Khai
Одиме до Phi Phi Islands, островите што ќе ве остават без зборови уште пред да стапнете на нив.
Високи карпи што излегуваат директно од тиркизното море, скриени лагуни и плажи како од разгледница.
Ја откриваме легендарната Maya Bay, позната по филмот The Beach, а потоа се препуштаме на вистинскиот island life – нуркаме во кристално чистата вода, пливаме меѓу шарени рипчиња и уживаме во неверојатната Pileh Lagoon.
Ќе поминеме и покрај мистичната Viking Cave, ќе ги запознаеме најпознатите жители на Monkey Beach, а денот го заокружуваме на Koh Khai, мала тропска оаза за коктел, плажа и целосно уживање.
Ден 5: Факултативен Излет: Капење со слонови и плажата Nai Harn
Ден што дефинитивно ќе го паметиме.
Одиме на едно од најпосебните доживувања на Тајланд – дружење со слонови, каде одблизу ќе ги запознаеме овие неверојатни животни, ќе ги храниме и ќе уживаме во заедничко капење и разладување во вода.
Потоа продолжуваме кон Nai Harn Beach, една од најубавите плажи на Пукет, сместена во зелен залив со мек песок и тиркизно море.
Остатокот од денот е резервиран за капење, сонце и вистински тропски одмор.
Ден 6: Факултативен Излет: Посета на James Bond Island
Одиме до едно од најиконичните места на Тајланд – James Bond Island.
Пловиме низ неверојатниот Phang Nga Bay, каде од смарагдно зелената вода се издигнуваат огромни варовнички карпи и мали скриени острови.
Ќе ја видиме познатата Ko Tapu, карпата што стана симбол на заливот по филмот The Man with the Golden Gun.
Ќе истражуваме скриени пештери и лагуни и ќе уживаме во едни од највпечатливите пејзажи на Пукет.
Ден 7: Одјавување од Хотел и лет до Бангкок
Се одјавуваме од хотел.
Во попладневните часови се упатуваме кон аеродромот во Пукет и се качуваме на краток лет до Бангкок.
Пристигнуваме во Бангкок и се сместуваме во нашиот хотел.
Остатокот од денот е слободен за прошетка низ Бангкок.
Ден 8: Факултативен Излет: Bangkok City Tour
Денес го откриваме Бангкок, град во кој традицијата и модерниот свет живеат еден покрај друг.
Ќе ги посетиме неговите најпознати храмови и знаменитости, ќе прошетаме низ раздвижените улици полни со мириси, вкусови и локален живот и ќе ја почувствуваме енергијата на една од највозбудливите азиски метрополи.
Од златни храмови и традиционална архитектура до облакодери, пазари и хаотични улици – денес го доживуваме вистинскиот Бангкок.
Ден 9: Слободен Ден
Последен ден во Тајланд.
Одмараме и впиваме максимум од енергијата на Бангкок.
Ден 10: Поаѓање од Тајланд
Во раните утрински часови со организиран превоз се упатуваме кон Аеродромот во Бангкок.
Се качуваме во авион и поаѓаме назад кон дома.
