• +38934325632
  • ta_olimpia2003@yahoo.com
  • @Олимпија-Струмица

БУДВА

БУДВА

НОВА ГОДИНА 2022

БУДВА (со Котор и Тиват)
(со автобус, 2 ноќи)

1 ден: 30.12.2021 Струмица-Будва Состанок на групата во 20:00 часот. Поаѓање за Будва во 20:30 часот од договорено место. Патот води преку Косово и Албанија . Ноќно возење со попатни одмори и паузи за царински формалности.

2 ден: 31.12.2021 Будва Пристигнување во Будва во претпладневните часови. Првата пауза во Врна Гора ќе ни биде за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан – едно од најпознатите монденски летувалишта на Јадранското море. Сместување во апартхотел. Слободно време за индивидуални прошетки во Стариот град. Вечерта организирана новогодишна забава пред платото на Стариот град со богата музичка програма и концерт на Џибони. Ноќевање.

3 ден: 01.01.2022 Будва-Котор-Будва По појадокот заминување на полудневен излет до Котор. Организирана прошетка со професионален локален водич низ тесните улички на Стариот град, катедралата Св. Трифун, црквите Св. Лука, Св. Ана, Пресвета Богородица, средновековна архитектура и бројни споменици кои го вклучуваат градот на листата на УНЕСКО. Патувањето продолжува за Тиват – омилена дестинација на туристите ширум светот поради луксузниот комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако. Време за уживање со кафе во некој од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Враќање во хотел. Вечерта организирана втора вечер во ресторан со музика или на плоштад со концерт на Лепа Брена . Ноќевање.

4 ден: 02.01.2022 Будва – Струмица По појадокот заминување за Струмица со попатна прошетка во трговски центар Делта Сити во Подгорица. Пристигнување во Струмица во касните вечерни часови.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 5.500 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Сместување во апарт/хотел Стари Рибар 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;

– Организиран разглед според програмата;

– Организација и пратител на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Факултативен излет до Котор и Тиват – 10 еур (вклучен превоз и водич, при минимум 35 пријавени лица)

– Влезници за музеите и културно-историски споменици

– патничко осигурување (информации во агенцијата)

Covid 19 – Услови

За влез во Р. Црна Гора, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:

– Да се потполно вакцинирани со пропишан број на дози вакцини против корона вирус пред влез во Црна Гора, која е издадена од овластена здравствена установа;

– Негативен резултат од PCR тест на корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија и да не е постар од 72 часа;

– Позитивен резултат од PCR тест ( прележан ) на корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија постар од 14 дена, а не е постар од 180 дена од денот на издавањето;

– Негативен резултат на брз антигенски тест на корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија и не е постар од 48 часа.

Covid 19 – Услови

За влез во Македонија назад, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:

–  Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19 со поминати 14 дена од втората доза;
– Сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
– Медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез во Македонија или
– Негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез во Македонија.
За лица до 18 години, не се задолжителни гореспоменатите документи.