• +38934325632
  • ta_olimpia2003@yahoo.com
  • @Олимпија-Струмица

ДУБАИ ЈАНУАРИ-ФРВРУАРИ 2022

ДУБАИ ЈАНУАРИ-ФРВРУАРИ 2022

 

*** СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА  – индивидуална програма/ ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА МЕСТА ВО ПРОМОЦИЈА 



Хотел Услуга Тип на соба Цена
Јануари и Февруари 04 ноќи Јануари и Февруари 06 ноќи
IBIS HOTEL AL BARSHA 3* (доплати за период 24-27.01 и 13-16.02/22) Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 589 € 639 €
Доплата за еднокреветна соба 100 € 150 €
Дете 0-1,99 год / без помошно легло 90 € 90 €
дете 2-5,99 год/ без помошно легло 490 € 490 €
CITYMAX BUSINESS BAY 4* (Business bay) (доплати за период 24-27.01 и 13-17.02/22) Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 619 € 689 €
Дете 0-1,99 год / без помошно легло 90 € 90 €
дете 2-11,99 год / со rollaway bed 590 € 640 €
Доплата за еднокреветна соба 130 € 200 €
NOVOTEL DUBAI AL BARSHA 4* (Al Barsha) (доплати за период 24-27.01 и 13-16.02/22) Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 639 € 729 €
Доплата за еднокреветна соба 150 € 250 €
Дете 0-1,99 год / без помошно легло 90 € 90 €
дете 2-11,99 год / без помошно легло 529 € 529 €
ROSE RAYHAAN BY ROTANA 4* (SZR Trade Centre) (доплати за период 23.01-12.02 и 13-17.02/22) Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 679 € 779 €
Доплата за еднокреветна соба 190 € 290 €
Дете 0-1,99 год / без помошно легло 90 € 90 €
дете 2-11,99 год / со rollaway bed 560 € 590 €
GRAND PLAZA MOVENPICK MEDIA CITY 5* ( Media city ) Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 689 € 789 €
Доплата за еднокреветна соба 200 € 300 €
Дете 0-1,99 год / без помошно легло 90 € 90 €
дете 2-11,99 год / со rollaway bed 650 € 750 €
MOVENPICK HOTEL J.LAKES TOWERS 5* (JLT) Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 719 € 839 €
Доплата за еднокреветна соба 230 € 350 €
Дете 0-1,99 год / без помошно легло 90 € 90 €
дете 2-11,99 год / без помошно легло 529 € 529 €
STELLA DI MARE 5* (Dubai Marina) Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 759 € 899 €
Доплата за еднокреветна соба 270 € 400 €
Дете 0-1,99 год / без помошно легло 90 € 90 €
дете 2-11,99 год / со rollaway bed 590 € 650 €

Програма на патувањето – авиокомпанија TURKISH AIRLINES од Скопје, со вклучен 20 кг чекиран багаж и 7 кг рачен и оброк согласно политика на авио компанија. Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на TURKISH AIRLINES.

Индивидуална програма
Прв ден  

Полетување од СКОПЈЕ во 20.35. Слетување во Истанбул во 00.10 часот нареден ден. Полетување за Дубаи во 01.30 часот. Слетување во Дубаи во 07.00 часот. Трансфер до хотел. Пријавување – влез во соба е после 14 часот (доколку има слободна соба може да се чекира во хотелот и порано). Early check in на барање со доплата.

Предпоследен ден

 Одјавување од хотелот во 11 часот и слободно време до трансфер во 23 часот (late check out на барање со доплата).

Последен ден

 Полетување за Истанбул во 02.40 часот. Слетување во Истанбул во 06.35 часот и полетување за Скопје во 08.50 часот. Слетување во Скопје во 08.15 часот.

1-4/6 ДЕН ДУБАИ – време за слободни активности или факултативни излети (со доплата на барање)


ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ

ПОПЛАДНЕВНА ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – согласно протоколи во момент на престој
Попладнето започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме и ги гледаме прекрасните танцувачки фонтани. Враќање во хотелот.  Ноќевање.

ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.   

НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise 
Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него.  Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).  

ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ
Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по  многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија.Мозе да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници.Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*).После ручекот во Абу Даби одиме кон Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката.НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони, долги ракави,а за жените е обавезна марама.

 Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми)

Цената вклучува:

  • Повратен авионски билет на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Дубаи ;  
  • 4 или 6 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out)
  • Организација и реализација на патувањето
  • локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)

Цената НЕ вклучува:

  • Влезна виза за  Дубаи   – 85ЕУР по лице (задолжително за сите лица)
  • Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  • задолжително негативен ПЦР тест (72 часа изваден пред полетување – за влез во Дубаи) *За деца до 12 години кои патуваат со родители – БЕЗ НЕГАТИВЕН PCR ТЕСТ (согласно моментални протоколи за влез во Дубаи)
  • брз антиген тест или ПЦР тест за лица над 18 години (за лица без сертификат за вакцинација) согласно нови протоколи за влез во Р Македонија
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ – НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редозлед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
    ДУБАИ САФАРИ – со збирен трансфер/ 45еур по лице
    КРСТАРЕЊЕ ПО МАРИНА – со збирен трансфер/ 45еур по лице
    ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА – на барање индивидуална приватна
    Burj Khalifa (САМО влезници 45 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 65 евра), за 124 кат
    останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба). Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура – уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
  • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (согласно нови КОВИД протоколи)
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување) За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош . Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.        
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност

НАПОМЕНА – Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.