• +38934325632
  • ta_olimpia2003@yahoo.com
  • @Олимпија-Струмица

Вила Џули 2 Јерисос

  • Duration:
  • Location:
  • Available Seat:
  • Price:

Јерисосвила “Tzouli 2”

Вила  “Tzouli 2” се наоѓа на одлична местоположба, на само 50 метри од плажа, во многу мирен дел веднаш зад познатиот caffe bar ‘Paprika’. Куќата располага со студио и апартман кои можат да се изнајмат и како заедничка целина (споено), бидејќи се поврзани со скали, но може и како одвоени. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Вилата има сопствен паркинг.

 

1/4 студио број 1 сутерен,  5 скали под нивото на улица со прозорци од сите страни. Нема сопствена тераса но бидејќи се наоѓа во навистина мирен и заграден дел од градот, пред влезот може да се постави чадор за сонце со маса и столчиња.  Студиото е пространо со брачен кревет во спална која е затворена со завеса  и 1+1 стандардни кревети во голема просторија со кујна. Има опремена кујна, сопствен тоалет, пристоен мебел. Од студиото има скали со врата (кои се заклучуваат) кои водат до апартманот на прв спрат (може да се користат како одвоени единици но и споено).

 

1/4+1 апартман број 2 – апартманот се наоѓа на прв кат, истиот има влез од надвор. Има пространа голема тераса со лимитиран поглед море. Има голема дневна со целосно опремена кујна, сопствен тоалет и пристоен мебел, брачен кревет во спална и 2 стандардни + 1 на извлекување со кујна.  Истиот е споен со студиото на приземје со скали, но може да се користи и одвоено (има врата со клуч).

*** Студиото и апартманот може да се користат како 1/8+1 апартман на две нивоа ***

 

 

– 10% попуст

 

За целосни уплати до 29.02.2020

 

1. Вонсезонски цени

ТЕРМИН 24.05.2020 31.05.2020 07.06.2020 14.06.2020 21.06.2020 28.06.2020
НОЌЕВАЊА 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи
СТУДИО/ АПП 65€ 85€ 105€ 135€ 155€ 175€
3.4 и 5. лице 35€ 35€ 35€ 35€ 35€ 35€

2. Сезонски цени

Термин НАЕМ 1/4 студио сутерен 1/4+1 апп 1/8+1апп споени на

2 ката (заедно)

05.07.2020 7 349€ 459€ 709€
12.07.2020 7 369€ 489€ 759€
19.07.2020 7 399€ 529€ 819€
26.07.2020 7 399€ 529€ 819€
02.08.2020 7 399€ 529€ 819€
09.08.2020 7 399€ 529€ 819€
16.08.2020 7 399€ 529€ 819€
23.08.2020 7 389€ 509€ 789€

3. Вонсезонски цени

ТЕРМИН 30.08.2020 06.09.2020 13.09.2020 20.09.2020
НОЌЕВАЊА 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 11 ноќи
СТУДИО/ АПП 175€ 145€ 105€ 95€
3.4 и 5. лице 35€ 35€ 35€ 35€

 

 

НАПОМЕНИ:

Ø ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 ИЛИ 11 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра. Напомена: Во апартман минимум 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, трето и четврто лице плаќаат задолжително по 35евра.

Ø ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, согласно бројот на кревети.

Ø Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.

Ø Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.

Ø Тргнувањето е на денот објавен во табелата. Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро пред ‘Скара кај Жмара’. Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.

Ø Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Ø Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).

Ø За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.

Ø Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Ø Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Ø Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.

Ø Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време

Ø За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Ø Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.

Ø Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, Магелан НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Цени за превоз:

За возрасни 2.170 мкд. (35 евра), еден правец 1,550 мкд. (25 евра)
За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра) еден правец 1,240 мкд. (20 евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште