• +38934325632
  • ta_olimpia2003@yahoo.com
  • @Олимпија-Струмица

СЛОВЕНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА БРАТИСЛАВА

СЛОВЕНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА БРАТИСЛАВА

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

12 Март (Сабота)                  СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:30 часот. Полетување за Братислава во 14:00 и слетување во 15:30 часот. Организиран трансфер до Братислава. Посета на едно од најромантичните места во Братислава – музејот на модерна уметност Данубиана, каде што со свои изложби се имаат претставено престижни  личности на словачката, европската и глобалната уметничка сцена. Покривот на музејот нуди уникатен поглед на градот, Малите Карпати и величествената река Дунав, особено на зајдисонце. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

13 Март (Недела)                  БРАТИСЛАВА

Појадок. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки.  Вечерта, можност за посета на традиционална пивница. Ноќевање.

14 Март (Понеделник)         БРАТИСЛАВА

Појадок. Посета и шопинг во трговскиот центар “Eurovea” сместен на брегот покрај реката Дунав. Во попладневните часови, вечера во некој од околните словачки ресторани каде што ќе може да пробате некои од специјалитетите на словечката кујна: “brynadzove halušky” мини њоки со кремаст сос од познатото словачко сирење bryndza и крцкава сланина, потоа супа од лук, колач од ориз… Ноќевање.

15 Март (Вторник)                БРАТИСЛАВА – СКОПЈЕ

Појадок. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот, од каде има прекрасна глетка кон градот. Тоа е ретко место од каде што во исто време може да се видат трите држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Трансфер до аеродромот во Братислава. Полетување за Скопје во 15:45 часот. Пристигнување во Скопје во 17:15часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:                   249 евра   (15.440 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје
  • Аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm)
  • Организиран трансфер Аеродром-Хотел-Аеродром
  • Сместување во Братислава во хотел Ibis Bratislava Centrum Hotel3* на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Братислава со локален водич
  • Посета на музејот на современа уметност Данубиана
  • Посета на Братиславски дворец
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 
  • Влезници за локалитетите
  • Посета на пивница
  • Вечера во ресторан
  • Туристичка такса 9 евра по лице, вкупно за 3 ноќевања-се плаќа во Агенција
  • Патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници

Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето