ПРЕМНИ ЗА ЕСЕН ВО ЗЕМЈАТА НА ОГНОТ И МРАЗОТ? НАЈВИСОКА СЕЗОНА ЗА АУРОРА БОРЕАЛИС!
Поаѓање 15.10.2026 Враќање: 23.10.2026 Број на денови: 9
Цена од 1499.00 EUR Сега од 1299 EUR
EARLY BIRD ПРОМОЦИЈА – ЛИМИТИРАНИ МЕСТА ПО ОВАА ЦЕНА!
ИСЛАНД АВАНТУРА – ТУРАТА ШТО ГО МЕНУВА ЖИВОТОТ
Замисли го ова: 9 дена низ најубавата природа на планетата. Земја каде огнот и мразот се среќаваат, а секоја вечер на небото се разиграни магичните Аурора Бореалис.
Патуваме 2400 километри низ целиот остров, со камперска колона го посетуваме секое ќоше на островот – возиме низ магични пејсажи, вулкански кратери, црни плажи, водопади, глечери, кањони и уживаме во едни од најубавите термални бањи во светот!
Спиеш под ѕвездено небо, во најудобни кампери опремени за вистински авантуристи.
Секој ден – нова авантура, секоја вечер – нова приказна.
Ова не е само патување – ова е приказна што ќе ја раскажуваш и памтиш цел живот.
Ако отсекогаш си сонувал да го почувствуваш крајот на светот – ова е твојот момент.
Пријави се. Стани дел од нешто што ќе го раскажуваш цел живот!
Ден 1: Поаѓање од Скопје и пристигнување во Исланд
Поаѓање од Скопје, преседнување во Виена и лет до Исланд.
Сместување во камп во Рејкјавик.
Ден 2: Посета на Golden Circle
Вториот ден од нашата авантура започнува со посета на најпознатиот Golden Circle – уживаме во Националниот Парк Тингвелир, се восхитуваме на уникатниот гејзер и термалните полиња, уживаме покрај водопадот Гулфос, посетуваме импресивен вулкански кратер и правиме прошетка низ градчето Селфос.
Сместување во камп.
Ден 3: Јужен Брег
Третиот ден е резервиран за најубавиот дел од Исланд – Јужниот Брег! Се движиме по магичниот Ring Road, следејќи го јужниот брег каде океанот и драматичните пејсажи се преплетуваат во неверојатна симфонија.
Ги посетуваме најубавите водопади, црните вулкански плажи, магичните глечери, возиме покрај лава полиња и го истражуваме најјужното градче – Вик. Го посетуваме Националниот Парк Skaftafell, каде што се наоѓаат најголемите глечери и се сместуваме во камп.
Факултативно: Посета на Паднатиот Авион.
Ден 4: Езерото на Глечерите и Diamond Beach
Четвртиот ден ни е со пократка програма и е наменет за одмор и релаксирање.
Го посетуваме најимпресивното Езеро на Глечерите (Jökulsárlón), кое дефинитивно ќе ве остави без здив. Секако дека ќе ја посетиме и црната плажа на дијамантите (Diamond Beach), по што се упатуваме до градчето Хофн.
Се сместуваме во камп и имаме слободно време за одмор остатокот од денот. Секако дека ќе се собереме за пиво и дружба! 🙂
Ден 5: Источен Брег
Петтиот ден го посетуваме пределот каде што се наоѓа најпознатата планина Vestrahorn – место кое плени со својата природна убавина и магични пејсажи.
Во овој предел се наоѓа и рефлексивната плажа Stokksness, на која ќе ги имате најубавите фотки.
Го посетуваме Викиншкото Село, каде што се снимени некои од вашите омилени серии – Game of Thrones, The Witcher, Vikings…
Правиме кратка пауза за да пробаме од најубавите Исландски вафли, а потоа продолжуваме кон источниот град Егилштадир. Сместување во камп.
Факултативни излети:
- Посета на Викиншкото Село
- Посета на Stokksness
- Посета на Vestrahorn
Ден 6: Исландски Highlands и Фјордови
Шестиот ден нашата авантура продолжува низ Исландските Високорамнини (Highlands), каде драматичните карпи и вулкански терени креираат магични пејсажи, а фјордовите дефинитивно ќе ве остават без зборови.
Возиме низ мали рибарски селца, драматични фјордови и погледи кон океанот. Овој предел буквално изгледа како да се наоѓате во филм!
Следно на нашата рута ги посетуваме термалните полиња во Myvatn, а потоа уживаме во млечно сината боја на термалната бања која го носи истото име.
Го посетуваме најмоќниот водопад во Европа – Detifoss и магичниот водопад Godafoss.
За крај возиме кон „главниот град на северот“ – Акурејри, каде што се сместуваме во камп. После краток одмор сите заедно одиме на дегустација на викиншко пиво. 😉
Факултативно: Посета на термалната бања Myvatn
Ден 7: Северен Исланд
Седмиот ден е наменет за истражување на градот Акурејри, купување сувенири и подготовка за поаѓање назад кон главниот град Рејкјавик.
По пат правиме пауза во малото градче Боргарнес, каде што ќе го гледаме заливот на Атлантскиот Океан.
Потоа возиме низ најпознатиот мост – Sword Bridge, кој од далеку изгледа како голема сабја.
Пристигнување во Рејкјавик, сместување во камп и слободно време за прошетка/одмор.
Ден 8: Рејкјавик / Најсеверниот главен град во Светот!
Осмиот ден е воедно и последниот ден од нашата авантура.
Се одјавуваме од камп и правиме прошетка низ главниот град Рејкјавик заедно со нашите водичи. Потоа имаме слободно време за купување сувенири, уживање во исландско кафе и cinnamon rolls покрај океанот.
Најголемите авантуристи ќе имаат шанса да уживаат на егзотична тура со хеликоптер и да ги видат драматичните пејсажи на Исланд од птичја перспектива.
За крај се упатуваме кон Blue Lagoon, каде имаме време да уживаме во топлата млечно-сина вода, да ги испробаме маските за лице и да се релаксираме во комплексот.
Факултативни излети:
- Reykjavik City Tour
- Тура со хеликоптер
- Blue Lagoon
Ден 9: Поаѓање од Исланд и пристигнување во Скопје
Деветтиот ден – поаѓаме од Исланд во 00:10 часот, преседнување во Виена и пристигнување во Скопје во текот на претпладневните часови.
Што е вклучено во цената?
- Авионски транспорт од Скопје-Виена-Исланд и назад со вклучен 23кг чекиран багаж и 8КГ рачен багаж
- Трансфер од Аеродром до база (каде што ги подигнуваме камперите) и обратно
- Kaмпер Возило со целосна опрема (Fiat Doblo Maxi 2024)
- Премиум Осигурување за кампер возилото
- 35+ излети вклучени во цената
- Влезници со вклучена ел. енергија за сите кампови
- Претставник на дестинација
- Водичи на македонски јазик
Што не вклучено во цената?
- Факултативни Излети (тие што на програмата се означени со ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ)
- Паркинг на одредени места (вкупно од 30-40евра)
- Тунелски трошоци (19 евра по кампер)
- Гориво за кампер возилото (околу 90 евра по лице)
- Road Tax ( околу 35 Евра / лице (1550 ISK / кампер / ноќ )
- Храна и Пијалоци
- Патничко Осигурување
- Доплата доколку патувате соло во кампер (400 евра)
БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!
