ИСЛАНД РЕЛАКС: Највисока сезона за Аурора Бореалис

НАШАТА НАЈБАРАНА ТУРА ПОВТОРНО ДОСТАПНА – ОВАА ЕСЕН ПОВТОРНО ЗАЕДНО ПАТУВАМЕ ВО ЗЕМЈАТА НА ОГНОТ И МРАЗОТ! Со над 100 реализирани поаѓања за Исланд, гордо можеме да кажеме дека сме најискусната агенција на цел Балкан за посета на Исланд!

Поаѓање 10.10.2026  Враќање: 14.10.2026  Број на денови: 5

Цена од 1099 EUR  Сега од 899 EUR

Земјата на огнот и мразот по најниска цена до сега! Второ поаѓање за оваа пролет!

Започни го своето патување во живописниот Рејкјавик, градот на шарените куќички, погледи кон океанот и магични пејзажи. Од таму, полека ќе те водиме низ највпечатливите природни чуда на Исланд.

Ќе ја откриеме магијата на јужниот брег – место каде моќни водопади паѓаат врз црни песоци, глечерите блескаат под сонцето, а природата е вистинска симфонија на контрасти.

Ќе го прошетаме Златниот Круг, позната рута која ја вклучува експлозивната енергија на гејзерите, глетката на величествениот водопад Гулфос и можноста да чекориш помеѓу тектонските плочи во Националниот парк Тингвелир – искуство што ќе ти остане во сеќавање.

Ќе уживаме во топлите, млечно сини води на термалната бања Blue Lagoon, место што нуди релаксација и магија под отворено небо.

За крај, ќе бидеш сведок на неверојатниот танц на Аурора Бореалис – северното светло кое го осветлува исландското небо со волшебни бои и ја прави оваа авантура уште поневеројатна.

Оваа тура е повеќе од патување – тоа е доживување што ќе ти остане во сеќавање засекогаш!

Програма

Ден 1: Поаѓање и пристигнување

Поаѓање од Скопје во 13:00, преседнување во Виена и пристигнување во Исланд околу 23:00.

Ден 2: GOLDEN CIRCLE (Факултативен Излет)

Нашата прва авантура во Исланд започнува со Златниот Круг (Golden Circle). Го посетуваме Националниот Парк Тингвелир, чекориме помеѓу тектонски плочи на два континента, се восхитуваме на уникатниот гејзер и го посетуваме импресивниот водопад Гулфос.

Секако дека ќе дегустираме од најубавиот Исландски хот-дог и ќе пробаме сладолед од најстарата продавница во Исланд. После враќањето во хотел и мала пауза за одмор, имаме предвидено уште еден факултативен излет – прошетка низ Рејкјавик. Ги истражуваме шарените улички на градот, јадеме исландска супа во леб, ја посетуваме црквата Hallgrimskirkja и уживаме.

Времетраење: 8 часа + прошетка низ Рејкјавик.

Ден 3: ЈУЖЕН БРЕГ (Факултативен Излет)

Нов ден, нова авантура. Овој ден е резервиран за истражување на Јужниот Брег.

Ги посетуваме водопадите Seljalandsfoss и Skogafoss, чекориме под водопадот во пештера Gljúfrabúi, потоа ги посетуваме црните плажи Reynisfjara и Vikurfjara.

Се доближуваме до глечерот Sólheimajökull, а потоа правиме пауза за ручек во најјужното градче во Исланд – Вик.

По пат се восхитуваме на пејзажите, возиме покрај океанот и посетуваме и други места долж рутата.

Целодневен излет.

Ден 4: ТЕРМАЛНА БАЊА BLUE LAGOON + ГЛЕДАЊЕ КИТОВИ (Факултативен Излет)

Наутро правиме check-out од хотелот и имаме неколку часа индивидуално слободно време за купување сувенири, кафе во Рејкјавик и уживање во последниот ден.

За оние што сакаат дополнителна активност е предвидено гледање китови.

Во попладневните часови сите заедно се упатуваме кон Blue Lagoon, каде го поминуваме остатокот од времето пред летот во термалната вода.

Комплексот располага со соблекувални, тушеви, тоалети, ресторани и барови.

Ден 5: Поаѓање од Исланд и пристигнување во Скопје

Поаѓање кон Скопје кратко после полноќ, преседнување во Виена и лет до Скопје.

 

Што е вклучено во цената?

  • Авионски транспорт од Скопје до Исланд и назад со вклучен 23кг чекиран багаж  + 8кг рачен багаж
  • 3 ноќевања во хотел во Рејкјавик со вклучен појадок (Hotel Cabin Reykjavik)
  • Трансфер од аеродром до хотел во Рејкјавик
  • Трансфер од хотел во Рејкјавик до аеродром
  • Претставник на дестинација
  • Водич на македонски јазик
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!!

Што не вклучено во цената?

  • Факултативни Излети (опционално, доколку сакате да посетите нешто повеќе од Исланд)
  • Храна ( ручек, вечера )
  • Доплата за еднокреветна соба, доколку патувате соло (250 евра) 
  • Патничко Осигурување
  • Опционална доплата за Superior Room (Соба од повисока класа)  | 70 евра по соба

ПАТУВАЈТЕ СО Т.А.ОЛИМПИЈА И СВЕТОТ КЕ БИДЕ ВАШ
ЗАТОА ШТО СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ Е НОВО ДОЖИВУВАЊЕ

Резервирај по Телефон

+389 (0) 34 325-632
+389 (0) 70-395-799

Работно времe:
пон.- пет. 09:00 - 17:00 часот
сабота 10:00 - 15:00 часот

Корисни Информации

info@olimpija.com.mk
ta_olimpia2003@yahoo.com

Брз Контакт

Наша Канцеларија
бул. Ленинова 14, 2400 Струмица (наспроти ХАЛК Банка) Македонија

Сите Права се Задржени © 2025 - ТА ОЛИМПИЈА ТРАВЕЛ