КИНA и ХОНГ КОНГ: Хонг Конг, Шангај и Пекинг

ОД ИМПЕРИЈАЛНА КИНА ДО СВЕТЛАТА НА ХОНГ КОНГ – ЕДНО ПАТУВАЊЕ, ДВА СОСЕМА РАЗЛИЧНИ СВЕТОВИ. 🇨🇳✨

ТРИ ГРАДА, ЕДНА НЕВЕРОЈАТНА АВАНТУРА НИЗ ЛИЦАТА НА КИНА 🇨🇳✨

Поаѓање 05.04.2027 Враќање: 15.04.2027 Број на денови: 11

Цена од 2099 EUR  Сега од  1799 EUR

Moжност за плаќање на рати!

🇨🇳 КИНА & ХОНГ КОНГ – ТРИ ГРАДА, ЕДНА НЕВЕРОЈАТНА АВАНТУРА

Овојпат одиме уште подалеку! ✈️ Започнуваме во Hong Kong – град на спектакуларни skyline-и, неонски светла, преполни улици и неверојатна енергија.

Продолжуваме кон Shanghai, футуристичкото лице на Кина, каде огромните облакодери се среќаваат со традиционалните квартови и легендарниот Bund. 🌃

За крај нè очекува Beijing – срцето на империјална Кина, со Забранетиот град, плоштадот Tiananmen и едно од најголемите светски чуда – Кинескиот ѕид. 🐉

Три неверојатни метрополи, древна историја, футуристички градови и една авантура низ Азија која тешко се споредува со било кое друго патување. 🇨🇳✨

Ден 1: Поаѓање од Аеродромот во Скопје

Поаѓање од Аеродромот во Скопје во 20:45 часот. Преку Истанбул летаме за Хонг Конг.

Ден 2: Пристигнување во Хонг Конг

Пристигнуваме во Хонг Конг околу 17:30 часот.

Со организиран превоз се упатуваме од аеродромот кон нашиот хотел и одмараме од долгиот пат.

Ден 3: Факултативен Излет: Hong Kong City Tour

Подгответе се да го запознаеме Hong Kong – една од највозбудливите метрополи во Азија! 🏙️

Ќе ги откриеме најпознатите делови на градот, ќе прошетаме меѓу огромните облакодери и неонските улици и ќе ја почувствуваме неверојатната мешавина на азиска традиција и модерен мегалополис.

Ќе уживаме во легендарниот поглед кон Victoria Harbour, ќе ги посетиме најинтересните градски точки и ќе го доживееме Hong Kong онака како што треба – динамичен, шарен и полн со енергија. 🇭🇰✨

Ден 4: Одјавување од Хотел и трансфер со брз воз до Шангај

Се одјавуваме од хотел.

Денес е ден за возбудливо возење – со брз воз се упатуваме кон Шангај.

Пристигнуваме во Шангај и се сместуваме во нашиот хотел.

Ден 5: Факултативен Излет: Прошетка низ Шангај

По појадок следува прошетка низ најинтересните делови на Шангај.

Ќе ги посетиме познатите Yu Garden – традиционални кинески градини со езерца, мостови и прекрасна архитектура, сместени помеѓу модерните облакодери на градот. 🌿🏮

Продолжуваме кон Chenghuangmiao, еден од најживите делови на Шангај, познат по локалните продавници, традиционалната атмосфера и уличната храна. 🥟

Денот го завршуваме во Tianzifang – уметнички кварт исполнет со мали улички, кафулиња, галерии и уникатни продавници. 🎨✨

Ден 6: Факултативен Излет: Посета на водниот град Xitang

Xitang е едно од најубавите водени гратчиња во Кина, познато по своите канали, стари куќи и тесни улички што водат покрај водата.

Само на час и половина од Шангај, ова место нуди мирна атмосфера, совршена за прошетка, фотографирање и уживање во традиционална кинеска архитектура.

Ќе шетаме по старите мостови, ќе вкусиме локални закуски и ќе имаме слободно време за кафе покрај каналот или кратка возбудлива вожња со чамец.

Xitang е совршено место за бегство од градската врева и запознавање со едно поавтентично лице на Кина.

Ден 7: Трансфер со брз воз до Пекинг

Се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон железничката станица во Шангај.

Со брз воз се упатуваме кон Пекинг.

По неколку часа пристигнуваме во Пекинг и со организиран превоз се упатуваме кон нашиот хотел.

Ден 8: Факултативен Излет: Tiananmen Square, Forbidden City и Jingshan Park

Овој ден го посветуваме на срцето на кинеската историја и култура.

Ќе започнеме со прошетка низ Тјенанмен, најголемиот плоштад во светот и симбол на модерна Кина, каде се наоѓаат важни обележја како Маузолејот на Мао и Народниот конгрес.

Потоа влегуваме во спектакуларниот Забранет град – поранешната царска палата со над 900 згради, со вековна архитектура и богата историја.

Екскурзијата ја заокружуваме со искачување на ридот во Паркот Џингшан, од каде се отвора панорамски поглед на целиот Забранет град – совршено место за фотографии и краток одмор.

Ден 9: Факултативен Излет: Great Wall of China & Summer Palace

Овој ден е резервиран за две од највеличествените знаменитости на Кина.

Утрото го започнуваме со посета на едно од највпечатливите и најдобро зачувани делови на Кинескиот Ѕид – симбол на упорност и истрајност, долг над 20.000 километри.

Ќе имаме време за прошетка, фотографирање и уживање во спектакуларните пејзажи кои се простираат до хоризонтот.

По пауза за ручек продолжуваме кон Летната палата, поранешното летно прибежиште на кинеските цареви.

Ќе прошетаме покрај прекрасното езеро Кунминг, ќе ги видиме раскошните павилјони и ќе ја почувствуваме спокојната убавина што царувала овде со векови.

Ден 10: Одјавување од хотел и слободен ден во Пекинг

Утрото се одјавуваме од хотелот и имаме слободно време цел ден во Пекинг.

Препорачуваат да се проба Peking Duck.

Околу 20:00 часот со организиран превоз се упатуваме кон аеродромот во Пекинг и летаме назад кон Скопје.

Ден 11: Враќање во Скопје

Со Turkish Airlines, преку Истанбул, се враќаме во Скопје.

Во Скопје пристигнуваме околу 07:55 часот.

 

Што е вклучено во цената?

Во цената е вклучено:

  • Авионски Билет на релација Скопје-Истанбул-Хонг Конг со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж со Turkish Airlines
  • Oрганизиран Трансфер од Аеродром во Хонг Конг до Хотел
  • Организира  Трансфер од Хотел во Хонг Конг до Железничка станица во Хонг Конг
  • 2 ноќевања во 4* Хотел во Хонг Конг  со вклучен појадок
  • Трансфер со експресен Воз од Хонг Конг до Шангај
  • Трансфер од Железничка станица во Шангај до Хотел во Шангај
  • 3 ноќевања во 4* Хотел во Шангај со вклучен појадок
  • Трансфер со експресен Воз од Шангај до Пекинг
  • Трансфер од Железничка станица во Пекинг до Хотел во Пекинг
  • 3 ноќевања во 4* Хотел во Пекинг со вклучен појадок
  • Организиран Аер0дромски Трансфер од Пекинг до Аеродром
  • Претставник на дестинација
  • Специјален Роам Ароунд МК Пакет
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

 

Што не вклучено во цената?

Во цената не е вклучено:

  • Патничко Осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба (370 ЕУР )
  • Факултативни Излети
  • Туристичка такса за Хонг Конг и Кина – 5 евра / лице / ноќ ( се плаќа во агенцијата при доплата на аранжманот )

 

ПАТУВАЈТЕ СО Т.А.ОЛИМПИЈА И СВЕТОТ КЕ БИДЕ ВАШ
ЗАТОА ШТО СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ Е НОВО ДОЖИВУВАЊЕ

Резервирај по Телефон

+389 (0) 34 325-632
+389 (0) 70-395-799

Работно времe:
пон.- пет. 09:00 - 17:00 часот
сабота 10:00 - 15:00 часот

Корисни Информации

info@olimpija.com.mk
ta_olimpia2003@yahoo.com

Брз Контакт

Наша Канцеларија
бул. Ленинова 14, 2400 Струмица (наспроти ХАЛК Банка) Македонија

Сите Права се Задржени © 2025 - ТА ОЛИМПИЈА ТРАВЕЛ