МАДЕИРА, ПОРТО и ЛИСАБОН: ВЕЧНА ПРОЛЕТ

ВИСТИНСКО БЕГСТВО ОД РЕАЛНОСТА

Мадеира е прогласена за најдобар остров за 2026 година! Островот на вечната пролет те повикува, а оваа година ги додадовме и ПОРТО и ЛИСАБОН во програмата!

Поаѓање 02.02.2027 Враќање: 10.02.2027 Број на денови: 9

Цена од 1399.00 EUR  Сега од  1299 EUR

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!

Мадеира – „Бисерот на Атлантикот“, е тропски рај што наликува на Хаваи – драматични карпи, егзотична природа, водопади, црни плажи, природни базени и магични погледи кон океанот. Со Роам Ароунд го истражуваме островот од еден до друг крај, уживаме во најубавите видиковци и ја запознаваме локалната култура, виното и традиционалната понча!

А потоа продолжуваме кон Порто – романтичен град покрај реката Дуро, со шарени куќи, тесни улички и прекрасни погледи, каде ќе ја почувствуваме вистинската португалска атмосфера.

За крај нè очекува Лисабон – градот на жолтите трамваи, Алфама, шарените фасади и Pastel de Nata. 🇵🇹

Три различни лица на Португалија во едно незаборавно патување – Мадеира, Порто и Лисабон!

 

Ден 1: Поаѓање од Скопје и пристигнување во Порто

Нашата авантура започнува со поаѓање од аеродромот во Скопје.

Преседнуваме во Истанбул и летаме до Порто.

Со организиран превоз се упатуваме кон нашиот хотел во Порто.

Ден 2: Факултативен Излет: Porto City Tour

Денес го истражуваме шармантниот Порто – градот на шарените фасади, тесните улички и прекрасните погледи кон реката Дуро.

Прошетуваме низ историскиот центар, ја посетуваме познатата Ribeira, легендарниот мост Dom Luís I и некои од најубавите точки во градот.

Секако, оставаме време и за чаша познато Porto вино со поглед кој се памети.

Ден 3: Лет за Мадеира + Факултативен Излет: Посета на градот Фунчал | Возење со Жичара + Тропска Градина

Се одјавуваме од хотелот во раните утрински часови.

Со организиран трансфер се упатуваме кон Аеродромот во Порто и се качуваме на авион до Мадеира.

Пристигнуваме на Мадеира и со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел.

Денот го започнуваме со пешачка прошетка низ главниот град на Мадеира – Фунчал.

Се шетаме низ шарените улички и уживаме во погледот кон океанот.

Го посетуваме центарот на градот, пазарот со тропско овошје и се движиме кон стариот дел на градот.

Следува возење со една од најпознатите жичари на Мадеира – авантуристичко искуство од околу 20 минути кое нè носи над зелените ридови до една од највпечатливите тропски градини на островот.

Уживаме во Monte Palace, опкружени со егзотична природа и ретки растенија.

Потоа следува дегустација на познатото мадеиранско вино.

По завршувањето на факултативниот излет, следува слободно време во Фунчал за ручек, кафе или индивидуална прошетка.

Ден 4: Факултативен Излет: Северна Мадеира

Денот е резервиран за нови авантури.

Започнуваме со посета на еден од најпознатите барови за понча на островот, каде заедно ќе научиме како се прави традиционалниот пијалок и ќе дегустираме.

Следна точка се природните вулкански базени во Porto Moniz, каде ќе имаме пауза од неколку часа за ручек, пливање и релаксација.

Ја посетуваме и познатата црна плажа Seixal Beach.

Потоа се упатуваме кон волшебната шума Fanal, заштитена од UNESCO и позната по своите искривени дрвја и мистична магла.

Сместена на околу 1300 метри надморска височина, оваа шума изгледа како сцена од филм.

Враќање во хотел и слободно време за одмор.

Ден 5: Факултативен Излет: Западна Мадеира

Денот започнува со посета на малото рибарско селце Câmara de Lobos, омиленото место на Винстон Черчил.

Ја посетуваме една од најпознатите винарии на Мадеира, каде ќе имаме можност да дегустираме мадеиранско вино.

Потоа се упатуваме кон Cabo Girão, една од највисоките морски карпи во Европа, каде ќе уживаме во спектакуларните погледи кон океанот.

Следно уживаме на портокаловата плажа во Calheta.

Правиме подолга пауза за ручек, плажирање, пливање во океанот и дружење.

За крај го посетуваме водопадот Cascata dos Anjos, кој паѓа директно на патот.

Правиме фотографии и потоа се враќаме во хотел.

Ден 6: Факултативен Излет: Источна Мадеира

Денот е резервиран за планинските врвови, природа и видиковци.

Утрото го започнуваме со возење до еден од највисоките врвови на Мадеира – Pico do Arieiro, на околу 1800 метри надморска височина.

Ќе уживаме во панорамските погледи, ќе прошетаме по планинските патеки и ќе имаме време за кафе со спектакуларна глетка.

Потоа посетуваме фабрика за производство на рум, дегустираме рум и уживаме на сурферска плажа.

Следува посета на малото гратче Santana, познато по своите шарени традиционални куќички.

Правиме подолга пауза за ручек.

Потоа ги посетуваме видиковците Miradouro do Guindaste и Ponta do Rosto São Lourenço.

Денот го завршуваме со плажирање на портокаловата плажа во Machico.

Враќање во хотел.

Ден 7: Поаѓање од Мадеира кон Лисабон

Во утринските часови со организиран трансфер се упатуваме кон Аеродромот на Мадеира.

Се качуваме на авион до Лисабон.

По пристигнувањето, со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел во Лисабон.

Остатокот од денот е слободен за одмор.

Ден 8: Факултативен Излет: Прошетка низ градот Лисабон

Денес го истражуваме Лисабон – градот на жолтите трамваи, шарените фасади и прекрасните погледи кон реката Тежо.

Прошетуваме низ историскиот центар и живописната Алфама, ги посетуваме најпознатите плоштади и видиковци и ја чувствуваме вистинската португалска атмосфера.

Секако, оставаме време и за познатиот Pastel de Nata.

Ден 9: Поаѓање од Лисабон кон Скопје

Поаѓаме од Лисабон кон Скопје.

Со преседнување во Истанбул, пристигнуваме во Скопје во попладневните часови.

 

Што е вклучено во цената?

  • Авионски транспорт од Скопје до Порто со вклучен 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж (Turkish Airlines)
  • Авионски транспорт од Порто до Мадеира со вклучен 20кг. чекиран и 8 кг. рачен багаж (EasyJet)
  • Авионски транспорт од Мадеира до Лисабон со вклучен 20кг. чекиран и 8 кг. рачен багаж (EasyJet)
  • Авионски транспорт од Лисабон до Скопје со вклучен 23кг. чекиран и 8 кг. рачен багаж (Turkish Airlines)
  • Хотелско Сместување на Мадеира 4 ноќеања со вклучен појадок
  • Хотелско Смесутвање во Порто 2 ноќевања со вклучен појадок
  • Хотелско Смесутвање во Лисабон 2 ноќевања со вклучен појадок
  • Трансфер од аеродром до хотел на Мадеира
  • Трансфер од хотел на Мадеира до аеродром
  • Трансфер од Аеродром во Порто до хотел
  • Трансфер од Хотел во Порто до Аеродром
  • Трансфер од Аеродром во Лисабон до хотел
  • Трансфер од Хотел во Лисабон до Аеродром
  • Претставник на дестинација
  • 3 БЕСПЛАТНИ ИЗЛЕТИ (Работилница за правење на традиционален пијалок – понча, Посета на винарија + дегустирање на вино, посета на фабрика за производство на рум од шеќерна репка + дегустирање на рум)
  • СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!
  • Специјален РОАМ АРОУНД МК пакет!
    Со РОАМ АРОУНД МК пасошот кој е дел од Роам Ароунд Специјалниот Пакет собираш печати од буквално секое патување на кое ќе дојдеш со нас. Откако ќе го пополниш пасошот со печати добиваш БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ по твој избор од нашата палета на понуди!

 

Што не вклучено во цената?

  • Факултативни Излети
  • Храна ( ручек, вечера )
  • Доплата за еднокреветна соба (350 евра)
  • Патничко Осигурување
  • Туристичка такса: 2 евра по лице по ноќ ( се плаќа на лице место во хотелот )
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

ПАТУВАЈТЕ СО Т.А.ОЛИМПИЈА И СВЕТОТ КЕ БИДЕ ВАШ
ЗАТОА ШТО СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ Е НОВО ДОЖИВУВАЊЕ

Резервирај по Телефон

+389 (0) 34 325-632
+389 (0) 70-395-799

Работно времe:
пон.- пет. 09:00 - 17:00 часот
сабота 10:00 - 15:00 часот

Корисни Информации

info@olimpija.com.mk
ta_olimpia2003@yahoo.com

Брз Контакт

Наша Канцеларија
бул. Ленинова 14, 2400 Струмица (наспроти ХАЛК Банка) Македонија

Сите Права се Задржени © 2025 - ТА ОЛИМПИЈА ТРАВЕЛ