ЕГЗОТИКА ПО НАЈНИСКА ЦЕНА НА БАЛКАНОТ!
ЛИМИТИРАНИ МЕСТА ПО ОВАА ЦЕНА!
Замислете едно место каде белиот песок се спојува со тиркизниот океан, каде времето тече побавно, а секој здив носи свеж океански мирис. На островот Гулхи, далеку од гужвите на главниот град, ќе уживате во спокојни плажи, кристално чисти води и нежниот ритам на локалниот живот. Овој остров е идеален за романтични прошетки по залез, нуркање меѓу живописни корални гребени и мирен одмор под сенките на кокосовите палми – вистинска мала рајска оаза во срцето на Малдивите.
Ден 1: Поаѓање од Скопје
По краток состанок на патниците на аеродромот во Скопје, поаѓаме кон Истанбул. Потоа по кратко преседнување летаме од Истанбул до Мале, главниот град на Малдивите! Летаме со Turkish Airlines.
Ден 2: Пристигнување на Малдиви + Бесплатен Излет
Пристигнуваме на Малдиви околу 14:35ч. Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел на островот Гулхи и се сместуваме. Денешниот ден е за релаксација, плажирање и впивање на островската енергија!
БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: ПРОШЕТКА НИЗ ОСТРОВОТ ГУЛХИ
Ден 3: Слободен Ден + Бесплатен Излет
Слободен ден за одмор.
БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: НУРКАЊЕ СО МАСКИ НА ЛОКАЛНА ПЛАЖА НА ГУЛХИ
Ден 4: Island Hopping – Посета на неколку острови (факултативен излет)
Малдиви се состојат од 1192 острови. Овој ден ќе ги посетиме магичните острови Maafushi, Guraidhoo и Fulidhoo. Цел ден ќе уживаме на бели песочни плажи кои буквално ќе ви го земат здивот. Ќе нуркаме во тиркизниот океан и ќе направиме мемории на кои ќе се сеќаваме цел живот!
Ден 5: Пливање со ајкули,делфини,ражи + Посета на песочен насип + Островот Fulidhoo (факултативен излет)
Каде ако не на Малдиви? Лебдиме во океанот полн со ајкули, ражи, желки и делфини – вистинско уникатно доживување!! Ова необично искуство е MUST TRY за на Малдиви. Плус ќе имате многу кул фотка со дрон и ви ветуваме дека ќе си поминете најинтересно! Посетуваме песочен насип на кој ќе плажираме и ќе си правиме најдобри фотки. За крај го посетуваме малото островче Fulidhoo кое навистина ќе ве шармира со својот дух.
ВКЛУЧЕН РУЧЕК ВО ЦЕНАТА!
Ден 6: Посета на Adaaran Prestige Vadoo (факултативен излет)
Денеска тргнуваме кон рајот на Малдивите. Ќе пливаме во тиркизниот океан, ќе уживаме во сонцето и ќе се сликамe со најубавите куќички над водата. Магичен ден полн со смеење, водени авантури и незаборавни моменти.
ВКЛУЧЕН РУЧЕК ВО ЦЕНАТА!
Ден 7: Слободен ден + Бесплатен излет
Слободен ден за одмор, плажирање, пливање и впивање на убавините на Малдиви. Овој ден е предвиден за уживање на белите песочни плажи, пиење на кокос под палми и нуркање во тиркизниот Индиски Океан. На зајдисонце се собираме на плажа за пикник, организиран од наша страна. Свириме на гитара, вкусуваме локална храна и се освежуваме со традиционални пијалоци, додека ги впиваме магичните бои и мириси на Малдивите во нашиот последен ден.
Ден 8: Слободен ден за уживање на Малдиви
Уживај, Малдиви во највисока сезона!
Ден 9: Поаѓање од Малдиви кон Скопје
Рано наутро поаѓаме од Малдиви кон Скопје. Летаме Мале-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines. Пристигнуваме во Скопје околу 19:45ч. Крај на патувањето
