Ден 1: Поаѓање од Скопје
По краток состанок на патниците на аеродромот во Скопје, поаѓаме кон Истанбул.
По кратко преседнување летаме од Истанбул до Мале, главниот град на Малдивите.
Летаме со Turkish Airlines.
Ден 2: Пристигнување на Малдиви + Бесплатен Излет
Пристигнуваме на Малдиви околу 14:35 часот.
Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел на островот Гулхи и се сместуваме.
Денот е резервиран за релаксација, плажирање и уживање во островската атмосфера.
Бесплатен излет: Прошетка низ островот Гулхи.
Ден 3: Слободен Ден + Бесплатен Излет
Слободен ден за одмор.
Бесплатен излет: Нуркање со маски на локална плажа на Гулхи.
Ден 4: Island Hopping – Посета на неколку острови
Факултативен излет
Малдивите се состојат од 1.192 острови.
Овој ден ги посетуваме Maafushi, Guraidhoo и Fulidhoo.
Цел ден уживаме на бели песочни плажи, нуркаме во тиркизниот океан и ги истражуваме различните острови.
Ден 5: Пливање со ајкули, делфини и ражи + песочен насип + Fulidhoo
Факултативен излет
Пливаме во океанот со ајкули, ражи, желки и делфини.
Предвидени се и фотографии и снимки со дрон.
Потоа посетуваме песочен насип, каде ќе имаме време за плажирање и фотографирање.
За крај го посетуваме малото островче Fulidhoo.
Ручекот е вклучен во цената на излетот.
Ден 6: Посета на Adaaran Prestige Vadoo
Факултативен излет
Денот го поминуваме во resort атмосфера.
Ќе пливаме во тиркизниот океан, ќе уживаме во сонцето и ќе имаме можност да се фотографираме покрај познатите куќички над вода.
Ден исполнет со плажа, водени активности и релаксација.
Ручекот е вклучен во цената на излетот.
Ден 7: Слободен Ден + Бесплатен Излет
Слободен ден за одмор, плажирање и пливање.
Денот е предвиден за уживање на белите песочни плажи, кокос под палмите и нуркање во Индискиот Океан.
На зајдисонце се собираме на плажа на пикник организиран од агенцијата.
Предвидени се гитара, локална храна и традиционални пијалоци.
Ден 8: Слободен Ден
Целосно слободен ден за уживање на Малдивите.
Ден 9: Поаѓање од Малдиви кон Скопје
Рано наутро поаѓаме од Малдивите кон Скопје.
Летаме на релација Мале – Истанбул – Скопје со Turkish Airlines.
Пристигнуваме во Скопје околу 19:45 часот.
