МАРОКО – ROADTRIP Авантура

ЗЕМЈАТА НА ПУСТИНИТЕ ТЕ ПОВИКУВА – НАЈДОБРА ПОНУДА ВО МАКЕДОНИЈА

Поаѓање 29.10.2026 Враќање: 06.11.2026 Број на денови: 9

Цена од 1299.00 EUR  Сега од  1099 EUR

                                                                                                                                            ⚠️ EARLY BIRD ПОНУДА ⚠️.

МАРОКО – ЗЕМЈАТА КАДЕ ШТО ПУСТИНАТА РАСКАЖУВА ПРИКАЗНИ!

Нашата тура е создадена за патници кои сакаат да ги видат најубавите делови на Мароко, да ја почувствуваат локалната култура и да го доживеат најдоброто од историјата, урбаниот дух и традицијата.Ова патување е создадено за луѓе што сакаат да видат повеќе, да почувствуваат подлабоко и да се вратат дома побогати со искуства што остануваат засекогаш.

Првите чекори во Маракеш се како влез во друга димензија – град на традиција, мистичност и архитектура што плени. Секоја улица носи нова приказна, секоја боја нова енергија. Ова е град што пулсира со боја, енергија и традиција, а мирисите на зачини, шарените базари и ориенталната архитектура создаваат атмосфера каква што нема на друго место.

Нашата авантура продолжува кон Казабланка – место кое живее помеѓу океанот и модерниот ритам на Мароко. Овде доживуваме спој на традиција и современост што ја прави Казабланка незаборавна. На пат кон Фес, правиме незаборавна пауза во Рабат, мирната претстолнина на Мароко. Рабат е град полн со историја и елеганција, каде кралските палати и тивките булевари создаваат смирена, но живописна атмосфера.

Фес е сосема нов свет, град што го оживува минатото: древни улици, автентични занаети и богата култура. Медината на Фес е вистински лавиринт на историја и традиција, каде секој чекор ве води низ времето и ја открива вистинската душа на Мароко.

А врвот? Шефшауен Синиот Град, место што изгледа како да е создадено за соништата. Улици обоени во сино, мирна атмосфера и моменти што ќе ги памтиш цел живот. По оваа магична рута се враќаме во Маракеш, совршен крај на авантура што ги спојува традицијата и културата на Мароко.

Ова не е само патување.
Ова е доживување што секој патник треба да го искуси!

Ден 1: Поаѓање и пристигнување

Поаѓање од Скопје, кратко преседнување и пристигнување во Маракеш. Се сместуваме во хотел и одмараме од патот.

Ден 2: Прошетка низ Маракеш (факултативен излет)

Нашата авантура во Маракеш започнува со прошетка низ Медината на Маракеш, лавиринт од тесни улици полни со живот и историја, каде локалните мајстори создаваат кожни производи и уникатни ракотворби.

Потоа ја посетуваме раскошната Bahia Palace, со мозаични детали, дрвени резби и мирни градини, па Saadi Tombs, некропола од 16 век.

Следува El Badi Palace, а потоа Koutoubia Mosque, чиј минарет доминира над градскиот хоризонт.

Турата завршува на Jemaa el-Fnaa, плоштад полн со улични уметници, ароми на зачини и енергија што го прави Маракеш незаборавен.

Ден 3: Трансфер до Казабланка

Стануваме наутро, доручкуваме и се упатуваме кон Казабланка.

Пристигнуваме, се сместуваме во хотел и уживаме во градот.

Ден 4: Факултативен Излет: Casablanca City Tour

Нашата авантура продолжува во Казабланка, град кој живее помеѓу Атлантскиот Океан и модерниот ритам на Мароко.

Почнуваме со импресивната џамија Хасан II, која се издига над океанот.

Турата продолжува до Square of Mohammed V, историски плоштад со колонијална архитектура, а потоа низ уличките на локалниот пазар, каде може да се почувствува секојдневниот живот и локалниот дух.

Враќање во хотел и слободно време.

Ден 5: Трансфер до Фес – БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ – Посета на Рабат

Се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Фес.

По пат застануваме во Рабат, главниот град на Мароко, каде следува бесплатен излет и прошетка низ градот.

Ги посетуваме:

  • Hassan Tower
  • Mausoleum of Mohammed V
  • Медината на Рабат
  • Royal Palace

По завршување на турата следува трансфер до Фес и сместување во хотел.

Ден 6: Факултативен Излет – Посета на Шефшауен, Синиот Град

Нашата авантура продолжува кон Шефшауен, магичен град сместен во планините Риф.

Познат е како „Синиот град“ по уличките обоени во нијанси на сина и бела боја.

Правиме прошетка низ тесните улички, локалните продавници и пазарите со зачини.

Шефшауен нуди тивки плоштади и панорамски погледи кон околните планини.

Сместување во хотел и слободно време.

Ден 7: Трансфер до Маракеш

Наутро се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Маракеш.

По пат возиме низ пустини, оази и стари градови и ја впиваме мароканската култура.

Пристигнуваме во Маракеш и се сместуваме во хотел.

Ден 8: Check Out од хотел и слободен ден во Маракеш

Се одјавуваме од хотелот и имаме слободен ден во Маракеш.

Време за купување сувенири и последна прошетка низ градот.

Во вечерните часови со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Маракеш и полетуваме кон Скопје.

Ден 9: Пристигнување во Скопје

Пристигнуваме во Скопје во утринските часови.

Што е вклучено во цената?

  • Авионски транспорт од Скопје до Маракеш и назад со вклучен 23кг чекиран багаж  + 8кг рачен багаж
  • 3 Ноќевања во хотел во Маракеш со вклучен појадок
  • 2 Ноќевања во хотел во Казабланка со вклучен појадок
  • 2 Ноќевања во хотел во Фес со вклучен појадок
  • Трансфер од аеродром до хотел во Маракеш
  • Трансфер од хотел во Маракеш до аеродром
  • Трансфер од Маракеш до Казабланка
  • Трансфер од Казабланка до Фес
  • Трансфер од Фес до Маракеш
  • Лиценциран претставник на дестинација
  • Водич кој го знае Мароко на памет
  • ПОСЕТА НА РАБАТ ( БЕСПЛАТЕН ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ )
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ

Што не вклучено во цената?

  • Факултативни Излети (опционално, доколку сакате да посетите нешто повеќе од Мароко)
  • Доплата за еднокреветна соба, доколку патувате соло (299 евра) 
  • Патничко Осигурување
  • Виза за влез во Мароко (100 евра)

ПАТУВАЈТЕ СО Т.А.ОЛИМПИЈА И СВЕТОТ КЕ БИДЕ ВАШ
ЗАТОА ШТО СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ Е НОВО ДОЖИВУВАЊЕ

Резервирај по Телефон

+389 (0) 34 325-632
+389 (0) 70-395-799

Работно времe:
пон.- пет. 09:00 - 17:00 часот
сабота 10:00 - 15:00 часот

Корисни Информации

info@olimpija.com.mk
ta_olimpia2003@yahoo.com

Брз Контакт

Наша Канцеларија
бул. Ленинова 14, 2400 Струмица (наспроти ХАЛК Банка) Македонија

Сите Права се Задржени © 2025 - ТА ОЛИМПИЈА ТРАВЕЛ