Новогодишно патување кое ќе те потсети на омилените филмови, и дефинитивно ќе го памтиш за цел живот!
1899 EUR
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ!
Ќе чекориме по најпознатите улици на Менхетен, ќе ги посетиме местата од филмовите Home Alone, ќе го почувствуваме празничниот Њујорк под светлата на Times Square и ќе ја дочекаме Новата година во градот што никогаш не спие.
Њујорк во најмагичниот период од годината, ова е патување кое не смееш да го пропуштиш!
Ден 1: Поаѓање и пристигнување во Њујорк
По краток состанок на групата на аеродромот во Скопје, поаѓаме за Њујорк. Пристигнуваме истиот ден и се упатуваме кон нашиот хотел.
Ден 2: Факултативен Излет: Статуата на Слободата и Ellis Island
Денот го започнуваме со пловење до Статуата на слободата и Ellis Island, а потоа се враќаме во срцето на Менхетен. Ќе застанеме кај легендарниот Charging Bull, ќе прошетаме по Wall Street, ќе ја видиме New York Stock Exchange, а потоа продолжуваме кон 9/11 Memorial и One World Trade Center. Денот го завршуваме на легендарниот Brooklyn Bridge, со поглед кон еден од најпознатите skyline-и во светот.
Денес го доживуваме Њујорк баш онака како што сме го гледале на филмовите!
Денот го започнуваме со прошетка низ легендарниот Central Park, а потоа покрај познатиот Plaza Hotel – најпознатиот хотел од филмовите Home Alone! Правиме прошетка низ култната 5th Avenue, која во празничниот период изгледа магично.
Продолжуваме кон St. Patrick’s Cathedral и Rockefeller Center, каде нè очекуваат огромната новогодишна елка, лизгалиштето и една од најпознатите празнични сцени во светот.
Следуваат прекрасниот Grand Central Terminal и Bryant Park Winter Village, со празнични куќички, светилки и вистинска њујоршка зимска атмосфера. А за крај – Times Square! Огромни светлечки билборди, жолти такси возила и енергијата на градот кој никогаш не спие.
Ден 4: Факултативен Излет: Roosevelt Island Tram и Природонаучен Музеј (Гледаме скелети на ВИСТИНСКИ ДИНОСАУРУС)
Денес го откриваме Њујорк од сосема поинаква перспектива! Денот го започнуваме со панорамско возење со жичарата Roosevelt Island Tramway, од каде ќе уживаме во поглед кон Менхетен додека се движиме високо над East River.
Потоа продолжуваме кон легендарниот American Museum of Natural History, познат и како музејот од Night at the Museum. Нè очекуваат огромни скелети од диносауруси, T-Rex, синиот кит, метеорити и неверојатни поставки кои нè носат милиони години назад во времето.
Ден 5: Факултативен Излет: Дочек на Нова Година на Times Square
Вечерва нè очекува моментот за кој дојдовме во Њујорк, дочек на Новата година во срцето на Менхетен, на легендарниот Times Square!
Илјадници светилки, огромните билборди, музика, конфети и луѓе од целиот свет создаваат атмосфера која барем еднаш во животот мора да се доживее. Ќе бидеме дел од една од најпознатите новогодишни прослави во светот и заедно ќе ги одбројуваме последните секунди до полноќ.
10… 9… 8… HAPPY NEW YEAR FROM NEW YORK!
Нова година, Manhattan и Times Square, дочек кој дефинитивно нема да го заборавиме!
Ден 6: Слободен ден во Њујорк
Први Јануари е, одмори од вчера..
Ден 7: Одјавување од Хотел и слободно време во Њујорк
Се одјавуваме од хотел и го имаме целиот ден да се поздравиме со градот кој никогаш не спие. Околу 20:00 се упатуваме кон аеродром.
Ден 8: Лет од Њујорк до Скопје
Што е вклучено во цената?
Во цената е вклучено:
- Авионски Билет на релација Скопје-Њујорк со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж
- Авионски Билет на релација Бангкок-Њујорк со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж
- Oрганизиран Трансфер од Аеродром во Њујорк до Хотел
- Oрганизиран Трансфер од Хотел во Њујорк до Аеродром
- 6 ноќевања во Хотел во Њујорк со вклучен појадок
- Претставник на дестинација
- Специјален Роам Ароунд МК Пакет
- БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!
Што не вклучено во цената?
Во цената не е вклучено:
- Патничко Осигурување
- Доплата за еднокреветна соба (850 ЕУР )
- Факултативни Излети
- Виза за влез во Америка
- Туристичка Такса за Њујорк, 20eur по лице по ноќ (се плаќа во агенција со доплата на аранжманот)
- Безбедносен депозит од 100$ по соба за целиот престој кој го наплаќа хотелот при пристигнување и го ослободува по напуштањето на хотелот доколку ништо не е оштетено.
