Поаѓање 05.03.2027 Враќање: 13.03.2027 Број на денови: 9
Цена од 2099 EUR Сега од 1699 EUR
Moжност за плаќање на рати!
Замисли како шеташ по древните камења на Кинескиот Ѕид, додека тишината на планините ти шепоти приказни стари илјадници години. Замисли како стоиш пред храм осветлен со фенери, а мирисот на темјан и звуците од древни мелодии го забавуваат времето.
Кина не е само дестинација – таа е свет сама за себе.Од хаотичната енергија на Шангај и романтиката на водените градови, до бескрајните чајни полиња, пагоди и вкусот на вистинска кинеска храна – ова патување е сензуално будење за сите сетила.
Овде, секој агол крие мит, секој залак раскажува култура, а секој чекор нуди нешто што ќе те промени.
Ќе видиш традиции што сѐ уште живеат, ќе почувствуваш душа стара илјадници години, и ќе разбереш зошто Кина е едно од најмагичните места на светот.
Не патуваш само низ простор – патуваш низ време, низ духот на една цивилизација која никогаш не престанала да се развива.
Со нас, ќе ја доживееш Кина како малкумина пред тебе.
Кина те чека. Подготвен ли си да се изгубиш – и повторно да се пронајдеш?
Ден 1: Поаѓање од Аеродромот во Скопје
Поаѓање од Аеродромот во Скопје во 20:45, преку Истанбул летаме за Пекинг.
Пристигнуваме во Пекинг околу 07:30. Со организиран превоз се упатуваме од аеродромот кон нашиот хотел и одмараме од долгиот пат.
Ден 2: Пристигнување во Пекинг и слободен ден
Пристигнуваме во Пекинг околу 16:30. Со организиран превоз се упатуваме од аеродромот кон нашиот хотел и одмараме од долгиот пат.
Ден 3: Факултативен Излет: Tiananmen Square, Forbidden City и Jingshan Park
Овој ден го посветуваме на срцето на кинеската историја и култура.
Ќе започнеме со прошетка низ Тјенанмен, најголемиот плоштад во светот и симбол на модерна Кина, каде се наоѓаат важни обележја како Маузолејот на Мао и Народниот конгрес.
Потоа влегуваме во спектакуларниот Забранет град – поранешната царска палата со над 900 згради, со вековна архитектура и богата историја.
Екскурзијата ја заокружуваме со искачување на ридот во Паркот Џингшан, од каде се отвора панорамски поглед на целиот Забранет град.
Ден 4: Факултативен Излет: Great Wall of China & Summer Palace
Овој ден е резервиран за две од највеличествените знаменитости на Кина.
Утрото го започнуваме со посета на едно од највпечатливите и најдобро зачувани делови на Кинескиот Ѕид – симбол на упорност и истрајност, долг над 20.000 километри.
Ќе имаме време за прошетка, фотографирање и уживање во спектакуларните пејзажи.
По пауза за ручек, продолжуваме кон Летната палата, поранешното летно прибежиште на кинеските цареви.
Ќе прошетаме покрај езерото Кунминг, ќе ги видиме раскошните павилјони и ќе уживаме во мирната атмосфера на комплексот.
Ден 5: Факултативен Излет: Temple of Heaven, Lama Temple and Peking Duck
На овој факултативен излет ќе посетиме некои од најпознатите симболи на Пекинг.
Temple of Heaven – древен комплекс од храмови кој некогаш го користеле кинеските императори за молитви и церемонии.
Lama Temple – еден од најубавите и најпознати будистички храмови во Пекинг, познат по богатата декорација и огромната статуа на Буда.
За крај – познатата Peking Duck, едно од најтрадиционалните кинески јадења.
Ден 6: Трансфер со Брз Воз од Пекинг до Шангај
Со организиран трансфер се упатуваме кон главната железничка станица во Пекинг.
Се качуваме во брз воз кој ќе нè однесе до Шангај.
По пристигнувањето во Шангај, со организиран трансфер се упатуваме од железничката станица до хотелот и одмараме.
Ден 7: Факултативен Излет: Прошетка низ Шангај
По појадок следува прошетка низ најинтересните делови на Шангај.
Ќе ги посетиме Yu Garden – традиционални кинески градини со езерца, мостови и прекрасна архитектура, сместени помеѓу модерните облакодери на градот.
Продолжуваме кон Chenghuangmiao, еден од најживите делови на Шангај, познат по локалните продавници, традиционалната атмосфера и уличната храна.
Денот го завршуваме во Tianzifang – уметнички кварт исполнет со мали улички, кафулиња, галерии и уникатни продавници.
Ден 8: Факултативен Излет: Посета на водниот град Xitang
Xitang е едно од најубавите водени гратчиња во Кина, познато по своите канали, стари куќи и тесни улички покрај водата.
Само на околу час и половина од Шангај, ова место нуди мирна атмосфера и традиционална кинеска архитектура.
Ќе шетаме по старите мостови, ќе вкусиме локални закуски и ќе имаме слободно време за кафе покрај каналот или кратка вожња со чамец.
Ден 9: Слободен Ден во Шангај
Слободен ден во Шангај.
Ден 10: Враќање во Скопје
Во раните утрински часови се упатуваме кон Аеродромот во Шангај.
Со Turkish Airlines, преку Истанбул, се враќаме во Скопје.
Што е вклучено во цената?
Во цената е вклучено:
- Авионски Билет на релација Скопје-Истанбул-Шангај со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж со Turkish Airlines
- Oрганизиран Трансфер од Аеродром во Шангај до Хотел
- Организира Трансфер од Хотел во Шангај до Железничка станица во Шангај
- 4 ноќевања во 5* Хотел во Шангај со вклучен појадок
- Трансфер со експресен Воз до Пекинг
- Трансфер од Железничка станица во Пекинг до Хотел во Пекинг
- 4 ноќевања во 4* Хотел во Пекинг со вклучен појадок
- Претставник на дестинација
- Специјален Роам Ароунд МК Пакет
- БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!
Што не вклучено во цената?
Во цената не е вклучено:
- Патничко Осигурување
- Доплата за еднокреветна соба (370 ЕУР )
- Факултативни Излети
- Туристичка такса за Кина – 7 евра / лице / ноќ ( се плаќа во агенцијата при доплата на аранжманот )
