1 ден – 04.12.2026 СОФИЈА – НИЦА
Состанок на групата во 14:00 часот по локално време. Тргнување кон аеродромот во Софија. Летот за Ница е во 20:35, значи состанок на групата на аеродромот во Софија во 18:00 часот по локално време.
Пристигнување во Ница во 22:05 часот.
Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме прошетка и посета на некој од убавите ресторани на познатите монденски улици во Ница. Враќање во хотел.
2 ден – 05.12.2026 КАН – АНТИБ
Појадок. Следи полудневен факултативен излет до монденскиот град Кан. Прекрасна прошетка по Кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Враќање во Ница.
Предлагаме прошетка низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата и други знаменитости.
Слободно време за посета. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден – 06.12.2026 МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО
Предлагаме целодневна факултативна посета на Монако и Монте Карло со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез.
Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини и продолжуваме по патеката на Формула 1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници.
Слободно време за посета на казината и забавниот луксузен живот по овие монденски улици. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден – 07.12.2026 НИЦА – ПОЈАДОК. ОРГАНИЗИРАН РАЗГЛЕД НА НИЦА
Одјавување од хотел.
Предлагаме прошетка низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата и други знаменитости.
Слободно време за посета на казината и забавниот луксузен живот на популарните монденски улици.
Трансфер до аеродромот. Летот за Софија е во 22:40 часот.
Пристигнување во Софија во 01:55 часот по локално време, на 08.12.2026 година.
ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 30.10.2026
599€/ 37.100 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 659€/ 40.800
Во цената на аранжманот е вклучено:
• Авионски превоз Софија – Ница – Софија (рачен багаж 40 × 25 × 30)
• Сместување во Ница во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
• Организација и туристички придружник на патувањето
• Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Патничко осигурување (групно, без франшиза) – 5€
• Разглед на Ница – 50€
• Посета на Ез, Монако и Монте Карло – 90€
• Посета на Кан – 90€
• Туристичка такса во Ница (3–4€ по лице на ден)
• Влезници за културно-историски споменици и музеи
• Билети за јавен превоз
• Доплата за еднокреветна соба
Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
Напомена: за реализација на овој аранжман, како и за факултативните излети, се потребни минимум 20 патници!
