• +38934325632
  • ta_olimpia2003@yahoo.com
  • @Олимпија-Струмица

Хотел Џени

Хотел Џени

    Хотелот Џени е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири. Хотелот располага со 37 соби: 1/2 со брачен кревет, 1/3 со 1 брачен кревет и 1 нормално легло и 1/4 со еден брачен кревет и две нормални легла. Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), сат. ТВ и сопствена бања. Собите имаат прекрасен поглед кон плажата и морето. Хотелот располага со базен и лежалки кои се бесплатни за користење од гостите, а исто така има и бар покрај базенот. WiFi интернет – вклучен во цена. Собите во сезона 2018 се целосно реновирани.
Сите соби – тип на соба 2+2.

За време на патувањето и престојот во хотелот, гостите се должни да ги почитуваат мерките за „Ковид 19“, кои се пропишани со указ на грчката влада, а кои се валидни и применливи за време на престојот
Период Услуга Цена ПО ЛИЦЕ во соба 2+2/евра
05.06 – 12.06 7 полупансиони €190
12.06 – 19.06 7 полупансиони €250
19.06 – 26.06 7 полупансиони €270
26.06 – 03.07 7 полупансиони €290
03.07 – 10.07 7 полупансиони €320
10.07 – 17.07 7 полупансиони €345
17.07 – 24.07 7 полупансиони €375
24.07 – 31.07 7 полупансиони €375
31.07 – 07.08 7 полупансиони €375
07.08 – 14.08 7 полупансиони €375
14.08 – 21.08 7 полупансиони €375
21.08 – 28.08 7 полупансиони €345
28.08 – 04.09 7 полупансиони €295
04.09 – 11.09 7 полупансиони €260
11.09 – 18.09 7 полупансиони €190
18.09 – 25.09 7 полупансиони €160
Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари
Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во соба (плаќаат полна сума)
Сместување во соба 1/2+2 = 1 голем (брачен) кревет + 2 единечни кревети

*ПП  -Полупансион :

  • Појадок 08:30-10:30ч. на база шведска маса
  • Вечера 19:00-21:00ч. на база на шведска маса

Во цената Е вклучено:
• 7 полупансиони (шведска маса)– организирана согласно КОВИД ПРОТОКОЛИ на земјата и хотелот
• Клима уред
• Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот (Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите)
• Користење отворен базен со слатка вода согласно КОВИД протоколи
• Бесплатно лежалки, чадори на базен во хотелот
• Детски дел во дворот на хотелот

Во цената НЕ Е вклучено:
• Превоз,
• Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
• Патничко осигурување што покрива КОВИД (задолжително)

Напомена:
• Цената е за минимум 2 возрасни лица во соба на 7 ноќи,
• Цените се по лице и се однесуваат за услуга 7 полупансиони
• Прво и второ дете до 13,99 г. со 2 возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
• Трето дете 0-2,99 години без сопствено легло – БЕСПЛАТНО
• Прво и второ дете 14-15,99 г. со 2 возрасни на редовно легло плаќаат по 30% од цената за 1 возрасен
• Трет и четврт возрасен над 16 години, плаќаат по 50% од цената за 1 возрасен
• Петто лице во соба од 0-8,99 години на дополнително легло плаќа 10 евра на ден
• BABY COT – Бесплатно, со тоа што клиентите треба да носат протектор за душекот. Во спротивно протекторот од хотелот ке им биде наплатен 20 еур. за целиот престој.
• Сместување во собите е после 14 часот по локално време, напуштање на собите е до 09 часот по локално време

ПОПУСТИ:
* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.
* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.
* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 10 дена пред започнување на аранжманот.ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
* Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур. по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:
* 35 € возрасни
* 25 € деца од 2 – 12 години
* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

Туристичка такса од 1,5€ на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место по пристигнување (check in) во објектот.
Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.